Полека но сигурно наближува периодот од годината во кој многумина наши граѓани се одлучуваат да заминат на одмор или на викенд на море.
Општо познато е дека најомилени дестинации на нашите граѓани се соседите, поточно Грција, Бугарија, Албанија како и Црна Гора.
Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис уште еднаш потврди дека на 14 мај со отвораат границите. Тој објасни дека владиниот план за туризмот веќе почна да се спроведува, а првиот чекор беше направен вчера со отворање за државјаните на ЕУ и пет други земји.
Рече дека постојат пет точки и предуслови за безбедно отворање.
„Ова е предуслов за сите земји. Не може некој да дојде ако не е вакциниран, ако не покаже дека оздравел или ако нема негативен тест за да влезе.
Ова важи за сите. На посетителите ќе им се вршат брзи тестови, па дури и на оние кои се вакцинирани, што всушност е и втората безбедносна точка.“ – изјави Харис Теохарис министер за туризам.
Третата е изолацијата во хотелите-карантин на оние кои ќе бидат позитивни, потоа следат здравствените протоколи, а на крај е вакцинацијата на туристичките работници, вели Теохарис.
Вчера и од Црна Гора пристигна позитивна вест за граѓните на Македонија.
Црна Гора ги укинува ПЦР тестовите за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Македонија, објави министерот за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ на Твитер.
Драго ми е да ве информирам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и PCR-тестирање, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона“, напиша на руски јазик Спајиќ.
Се очекува наредните неколку денови да биде прецизиран конкретниот датум.