Македонците со јагма за германски визи: Амбасадата ги стопира новите барања за следните три месеци

  • By admin
  • октомври 29, 2021
  • 0
  • 823 Views

Со новото правило за аплицирање за визи во Германија кај многу Македонци се јави не задоволство поради причините што не можеа да дојдат до термин за закажување.

Од ден на ден се постојано расте интересот за работна виза во Германија и за заминување во оваа држава во потрага по подбар живот.

Како што е познато голем дел Македонци веќе живеат и работат во Германија, а оваа бројка има тенденција да се зголемува, а во оваа насока оди и последната информација.

Германската амбасада објави утрово детали околу резевациите на термини за виза во следните месеци. Соопштува дека поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрирале повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин.

Резервација на термини за наредните месеци.

Поради технички проблеми при последната регистрација на термини на 5 октомври 2021 година, се регистрираа повеќе лица отколку што тоа го дозволува списокот на чекање на термин.

Амбасадата одлучи да не ги избрише „пребукираните термини“, туку на сите регистрирани лица да им додели термин до најверојатно крајот на февруари 2022 година по хронолошки редослед.

Од таа причина, во месеците ноември, декември и јануари нема да има отворен список за регистрација на термин.

Ве молиме, воздржете се од прашања во врска со оваа тема.

Исто така однапред би сакале да Ве информираме, дека Амбасадата најверојатно на почетокот на наредната година ќе воведе промена во врска со регистрацијата и доделувањето на термините.

На тој начин регистрацијата ќе се поедностави. За конкретните детали ќе бидете благовремено информирани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.