Македонците во Швајцарија на прво место, оние во Германија веднаш зад нив

  • By admin
  • март 22, 2021
  • 0
  • 1516 Views

Пописот во 2021 ќе се спроведе, а гаранција за тоа се строгите протоколи. Надлежните порачуваат дека граѓаните и попишувачите ќе бидат безбедни, и оти целиот фокус на Владата е во таа насока.

Од опозицијата сметаат дека пописот сега ќе биде ко бен за граѓаните, и бараат да се одложи за септември.

Со повеќе од 2 милиони аплицирани вакцини и огромни количини во фрижидерите Србија денеска се реши да го одложи пописот кој беше закажан за во април.

Надлежните процениле дека обуката на попишувачите и нивното присуство во секој дом е преголем ризик за брзо ширење на вирусот па следејќи ги препораките на Обединетите нации, српскиот завод за статистика решил наместо во април, пописот да се одржи во октомври.

Во Македонија сосема поинаква слика. И покрај тоа што немаме ниту една вакцина, Владата вели одложување на пописот не е опција. Надлежните велат дека изработиле квалитетни протоколи но не се подготвени да ја понесат одговорноста доколку поради пописот имаме нов ковид бран и значително голем број на починати.

И покрај проблемите, од Државниот завод за статистика велат дека успеале да обезбедат доволен број на попишувачи.

На пописот најголем одзив има од дијаспората во Швајцарија. По Швајцарија, следат Германија и Италија, а помал број самопопишани има во САД, и Австралија.

Вкупниот број на оние кои се попишале на веб апликацијата до утринава во 9 часот е 121.580. За само еден ден има најмалку 20.000 попишани. Пописот почна на 1 март во дијаспората.

Другите граѓани ќе треба да се попишат во периодот од 1 до 21 април. Албанските политичари лобираат за што полем број попишани македонски државјани во странство.

И премиерот Зоран Заев повика граѓаните кои се во странство да се самопопишат затоа што тоа е патриотски чин. Преку веб-страницата https://stat.gov.mk тече самопопишувањето на дијаспората.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.