Македонците во Англија со убава вест од која веќе имаат полза

  • By admin
  • декември 11, 2021
  • 0
  • 541 Views

Како што пренасаат нашите власти, во процес на врачување се првите сто биометриски пасоши на Македонија, мобилно издадени преку Амбасадата во Лондон.

Со воспоставување на базната станица во оваа амбасада, се поедностави и скрати на само три недели, постапката на стекнување со нова патна исправа за нашата дијаспора во Обединетото Кралство, која претходно траеше четири до шест месеци.

Амбасадорката, Александра Миовска посочи дека оваа е историски момент за конзуларната пракса и дека го радува позитивниот фидбек  на нашите државјани кои живеат и работат на наведеното подрачје на светот.

“Овој е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и работат во Англија, Шкотска, Велс или Северна Ирска од сега можат да ги обноват своите пасоши на многу поедноставен, поефикасен и побрз начин.

Ме радува што првичните впечатоци и реакции од сите кои ја посетија амбасадата изминативе 4 недели се позитивни. Тој е најсилниот мотив и предизвик за тимот на амбасадата да продолжи и натаму да биде ефикасна служба во корист на граѓаните”, посочи Миовска.

Дијаспората ја поздравуваа новата постапка:

“Денеска го подигнав мојот пасош. Би сакала да им се заблагодарам на целиот тим на нашата амбасада. Се протече многу глатко!”

“Постапката за стекнување со нова патна исправа беше многу лесна. Не се чека многу!”

“Одлична инвестиција за забрзување на постапката за издавање на пасоши во конзуларното претставништво во Лондон!”

Целта на проектот на Министерството за надворешни работи за воспоставување базни и мобилни станици во нашите дипломатски и конзуларни претставништва е исполнување на потребите на дијаспората, која со години наназад се жали за споро издавање на патни исправи.

Подобрувањето на услугите на нашите ДКП-а за дијаспората е висок приоритет на МНР, чија интенција е следниот период овој значителен проект да се прошири со поголем број ДКП-а.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.