Македонците во Австралија добија историска можност за следниот тамошен попис

  • By klaster3
  • јуни 29, 2022
  • 0
  • 436 Views

Австралиската државјанка по потекло Македонка од Егејскиот дел на Македонија, Белинда Делиос, со својата упорност успеа да издејствува и да ги убеди австралиските власти околу едно клучно прашање поврзано со Македонците таму.

Таа ги убеди австралистките власти дека за православните Македонци, не валидна е графата „Greek Orthodox“, туку е потребна и графа „Macedonian Orthodox“.

Австралиското биро за статистика го прифати барањето на Белинда Делиос, поддржано од повеќе македонски здруженија и заедници во Австралија.

Конечната одлука гласи: Од наредниот попис во Австралија, во делот за вероисповед во пописницата, покрај “Greek Orthodox“, ќе има и графа “Macedonian Orthodox“!

„Конечно, добри вести и за Македонците во Австралија, колку само ни се потребни! Пред неколку месеци решив да се посветам за решение, да се исправи една не правда која многу и ритираше: Австралискиот попис, посебно, делот за вероисповедта!

Нам сите ни е познато, дека прашањето за вероисповедта е неточно! Нашата православна вероисповед во Западниот свет претежно се доживува како грко-православна, а не како православна.

Кај другите религии, како што се католичката, англиканската, еврејската, исламската, хиндуистичката, будистичката, на пример, нема придавка пред нив,

Сепак, Македонците, Русите, Украинците, Романците, Србите и така натаму, ‘имаа задоволство’ досега да се попишуваат како “грко-православни“, освен ако самите не се попишете во графата ‘друго’ доколку декларирате различна деноминација од тие наведени во пописницата.

Се разбира, таков не е случајот со ниту една од другите наведени религии. Ни една вероисповед нема придавка пред себе. И затоа, резултатите се неточни и лажни. Грчката заедница во Австралија ги користи тие неточни бројки да добијат наклоност кај владата и повеќе пари за проекти на Грчката заедница, наспроти другите православни заедници.

Но, еве ја добата вест! Работев во Комисијата за човекови права на Австралија, одржавме повеќе состаноци, добивме поддршка на барањето и направивме голем исчекор за пописот да го подобриме.

Им благодарам на сите прекрасни луѓе кои посветија внимание и разбирање за нашето барање. Благодарам на Комисијата за човекови права на Австралија која ми излезе во пресрет на барањето. Мојата порака до Македонците во светот е: Никогаш не се откажувајте од остварувањето на вашите права!

Нашите мајки и татковци ја напуштија Македонија затоа што беа нас илно протерани од своите родни огништа за време на Граѓанската вој на 1946-1949 година.

Повеќето од нив толку мали, дури и своите имиња не ги знаеја, а станува збор за 48.000 илјади деца Македонци нас илно протерани од своите домови. Не ја заборавајте борб ата на нашите предци…

На здравје на сите вам, додека ја кревам чашата домашно рујно вино за победата која ја остваривме пред Австралиското биро за статистика“, – се вели во дел од изјавата на Белинда Делиос.

На наредните пописи во Австралија во делот за вероисповед на пописницата ќе има посебна графа “Macedonian Orthodox“ што ќе овозможи да се добиваат поточни резултати за вероисповедта на Македонците во Австралија. Конечно се оствари долгогодишната желба за елиминација на една состојба која православните „ги прави“ Грци, а тоа не се!

Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки за упорноста на Белинда Делиос и Македонската заедница во Австралија за одлуката на Австралиското биро за статистика.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.