Македонскиот новинар згрме, па порача: Гледам, сите се „подмочнувате“ на „Тома“

  • By klaster2
  • јануари 4, 2022
  • 0
  • 635 Views

Можеби еден од најгледаните моментално и најзборувани филмови на овие простори е филмот за музичката легенда Тома Здравковиќ.

Филмот за пејачот кој остави огромна трага но и трага од живеење во едно друго време, новинарот Антонио Димитриевски отворено прозборе за филмот и ја опиша суштината на филмот и споредбата со живеење во едно друго време и времето сега.

„ТОМА“ – филмска приказна за душата. Гледам, сите се „подмочнувате“ на „Тома“… Само разликата е во тоа што на оние кои го живееле тоа време им течат солзи, а на „новокомпонираниве“ им „тече низ ногавици“.

Оние првите носталгично сфаќаат дека ова не е само филм за „таму некој кафански пејач“, туку приказна за душата…

Филм за времето и земјата во која се почитуваа вистинските вредности, беа удостоени и ставени на пиедесталот, културата, музиката, естрадата, спортот… а не политиката!

Со неа за сите останати се занимаваше мала „група големци“, а не како денес, секој сељ обер од улица да „бистри политика“. Кој по партии кој во Влада, Парламент, грото по социјални мрежи!

Тогаш среќата беше колективна радост кога ќе се освоеше злато на олимпијада и некое првенство, кога „Дугме“, Тома, Брена… ќе имаа турнеја па ќе дојдеа и кај нас, кога ќе стигнеш да купиш нова плоча од „Пинк Флоид“, „Дип Парпл“, „Лед Цепелин“,

Кога еден Ален Гинзберг ќе дојдеше на „Струшки вечери на поезијата“, плач евме кога заминаа Џенис, Хендрикс, Морисон, го следевме „стариот“ кога со „Галеб“ ќе тргнеше на светска турнеја по неврзаните…

Имаше и тогаш „шабани“, ама шабаните имаа душа и глас, емоции и златно грло, а не ци цки и силикони и колагени, перики и леќи у боја како овие сега, кои фалшираат и додека зборат, а камо ли коа пејат…!

И никој не се „подмочуваше“ од среќа дека го примиле у пионери, младина или СКЈ,зашто тоа беше нормална работа… Без да лижеш, коленичиш, молиш, да се вовлекуваш, лепиш плакати за локални анонимци…

Туку со работа на Младинска работна акција, учество во некоја секција, спортско друштво, КУД, хор, радиоамтерско друштво, феријалци, извидници… И војска, како „школа живота“.

Тогаш се палевме на гитарата со два врата на Брега, наместо на мерцедесот за кој го осу дивте Грујо и неговите, а од него не искачате, на тоа колку публика имало на „Ајд учка чешма“ , а не колку понудил за кау ција Сашо,

Кај ќе чекаме ние Нова Година а не кај чекала Катица, ни беше важно што ќе донесат тато и мама во торбата од работа, а не колку има во Луј Витон торбата на Боки, пиевме вињак и Векија наместо виски, мастика наместо узо, вермут наместо Јегер, бела наместо жолта, шприцеер наместо Моет и ништо не ни фалеше.

Пуше вме МТ, филтер Југославија и Дрина, наместо тре ви, игравме Жмурки, Народна и Ка мај, наместо Кан тер и МА ФИА и ФИФА, фудбалче на мали гочиња и баскет у маало, наместо,

Плејстејшн и ИксБокс и правевме уште мал милон нешта што не правеа среќни, а денес ги нема, зашто има се друго заради кое и денешните деца и нивните родители се не среќни.

Ова време има многу тоа освен едно – душа. А без неа си никој и ништо… Купуваш и продаваш, одземаш и додаваш, а пак си празен како шупливо тенеќе…

Затоа „Тома“ не е само филм за „таму некој кафански пејач“ чии песни дури не се ниту шабански… Затоа што е филмско одличје за едно време со душа… И среќно и таж но и сиромашно и богато, ама полно со емоциии сеќавања, спомени и слики што вечно се паметат.

А вас денес по што ќе ве паметат? Направивте ли нешто, покажавте ли, оставивте ли некој траг , некое дело, достигање, резултат по кој ќе ве запаметат? Ништо… Е затоа за вас никогаш нема да снимат филм.

Не филм, ниту селфи со вас никој нема да сака да направи! Зашто душата му ја продадовте на лука виот за ситниш, а сега и гратис му ја нудите…

Само што сега не сте сигурни дали тој воопшто сака да ви ја купи! А па ниту тој не сака нешто што е труло, раси пано, гн асно, см рдливо,безвредно… За неа место нема ниту на неговата депонија

Е, затоа на „Тома“ и ви „тече низ ногавици“, наместо солзи низ лице… За солзи треба да имаш душа… и ма диња, да го издржиш сето она што во таа душа ќе ти се насобере и на пати, а судбината потоа низ животот ќе ти го наплати или возврати!

И да… Притоа не се сите исти. Има нешто малку ДУША и меѓу денешниве деца. Само сељо берите во одела, кравата и опинци не им даваат да ја покажат. Оти штом посакаат, тие би веднаш да им ја земат,извадат, укр адат, присвојат, продадат… Оти од нивната душа се хранат! Егото, највеќе, завршува Димитриевски во својот статус на фејсбук.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.