Како што е познато во соседна Србија во април ќе се одржат претседателски избори на кои ќе дознаеме дали досегашниот прв човек Александар Вучиќ ќе остане на функција или ќе го замени некој нов.
Претседателката на српската партија Заветници, Милица Ѓуѓевиќ Стаменковски ќе биде кандидатка на оваа партија за претседателка на Србија, на изборите што се најавени за април годинава, соопштено е денеска на Собранието на оваа партија.
Партијата Заветници донесе одлука за замостоен настап на парламентарните избори.
Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски истакна дека , според истражувањатам Заветници се трета најголема политичка сила во Србија. Таа нагласува дека Заветници се подготвотени за кампањата и дека не отстапуваат од своите програмски начела, нагласувајќи дека противниците веќе тргнале во кампања против нив.
„Ниеден на пад нека не ве пла ши, туку нека ви биде доказ дека секој ден имаме се поголема поддршка и дека претседателскиот кандидат на Заветници ќе влезе во вториот круг и ќе стане претседател на секој граѓанин на Србија“ – порача Ѓурѓевиќ Стаменковски.
Кога сме кај Милица да кажеме дека таа е мажена за Стефан Стаменковски кој е претседател и основач на српската партија Заветници.
Тие во брак стапија пред пет години, поточно на 10 септември 2017 година.
Всушност 31 годишната Милица е македонска снаа ако се земат предвид корените на нејзиниот сопруг и воедно лидер во партијата Стефан.
Имено пред неколку години Стефан гостуваше во една македонска емисија каде што за него беше кажано дека неговите родители се Македонците.
Истите потекнуваат од Крива Паланка, но во период помеѓу двете светски вој ни одлучуваат да се иселат во соседна Србија во околината на Белград.