Македонија и се е можно – Стеван од Прилеп останал и без возило и без пари: Сведочи што му се случило

  • By admin
  • ноември 17, 2021
  • 0
  • 397 Views

Стеван Јосифоски од Прилеп во 2015 година е фатен од полицијата со нелегални дрва, во своето возила Опел Аскона кое го купил од својот сосед Киро Танев, но кое формално се уште не било префрлено на Јосифоски.

Возилото потоа му се одзема и стои на плацот на ЈП „Црн Бор“ каде се чуваат ваквите возила. За тоа му даваат и потврда дека возилото е одземено.

По 2 години на преминот Плетвар се случува сообраќајна не среќа во која на страдува лице кое возело исто Опел Аскона со таблиците од возилото на Јосифоски.

Останува нејасно дали се укр адени само таблиците или станува збор за истото возило, само сега во друга боја. На соседот му стигнува опомена пред ту жба и тука започнуваат апсурдите.

„Значи полицаецот е должен да провери дали таблиците одговораат со бројот на шасијата. Бев во полиција го повикаа полицаецот, ми вели јас така работавм.

Колеги негови ми велат ова е смешно што ти го дава за одговор. Шо доколку во колава имало дрга, го земаат комшијата од дома, му даваат 20 години за твор, дури се докажиме ние тешко нас.

Сега во „Црн Бор“ дали некој му ги продал таблиците, дали цела кола, јас незнам, тие треба да си одговараат“, рече Стеван Јосифоски, сопственик на одземеното возило за Сител ТВ.

Националното биро за осигурување ја плаќа ош тетата на пов редениот од другото возило и сега го ту жи Киро Танев бидејќи неговото возило се води нерегистрирано и учесник во незгодата.

Соседот на Јосифоски, Киро Танев ја носи потврдата за одземеното возило кај адвокат кој го застапува Националното биро, но според Јосифоски тoj не ја прикажал таа потврда пред судот.

Додека се носела пресудата Танев бил на болница во Скопје, немало кој да ја обжали и сега тој треба да плати заедно со оштета и камати треба да плати над 530.000 денари.

– Од Национални шуми каде се чуваат овие возила, велат дека тие законски немале обврска ниту да ги земаат возилата, ниту да ги чуваат, а со тоа немаат никаква одговорност за нив.

Само излегувале во пресрет на полицијата овие возила да се стават некаде откако ќе бидат одземени. Овие возила биле сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот.

Јосифоски односно Танев поднесуваат пријава за тоа што адвокатот на Националното биро не ја доставил потврдата за одмено возило на судењето и за стражарот и шумскиот полицаец кои ја примиле тој ден колата, но и двете обви нителството ги отфрлаат.

„Кое нешто е апсурдно основното јавно обвинителство да не можи да утврди како предметното возило во 2015 година било одземено од сопственикот, односно третото лице, а сега се нашло на Плетвар во сообраќајна несреќа“, изјави Жарко Стеваноски, адвокат на Киро Танев.

Од обвинителството во Прилеп велат дека е постапувано по случаите и пријавите истите биле завршени и до странките биле доставени решенијата за одлуките.

Сега веќе 18 месеци на соседот Танев му запираат на пензијата, а Јосифоски му дава на пари на рака.

„Документ имам јас и сега плаќам нешто при документ. Значи јавниот об внител да ослободува адвокат што го прикрива доказот, значи тоа е тешко кри вично дело казн иво со закон.

Се што имав се продадов, не можам повеќе да плаќам, од 20.000 денари што земам плата што побрзо, 5 мина сме дома“, вели Јосифоски.

Јосифоски вели дека ако и после овој негов апел надлежните не го разгледаат целиот случај повторно правдата ќе ја бара во Стразбур.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Сител

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.