Македонија ги храни Романците, Украинците и Русите

  • By admin
  • октомври 23, 2021
  • 0
  • 740 Views

Добро познато е дека македонските земјоделци најмногу одгледуваат пипер за ајвер, јаболка и грозје кое во големи количини завршува преку границите.

Според последните информации, во најголем процент ајварката оди во Романија, јаболката во Украина, додека грозјето во Русија.

Освен овие пазари, македонските земјоделски производи се извезуваат и во земјите од регионот, Блискиот Исток и во Европската Унија.

Како и секоја година така и оваа за извоз отиде она што е поквалитетно, а за домашниот пазар остана она со послаб квалитет, односно втора класа.

И покрај тоа што за граѓаните цените на овошјето и зеленчукот годинава се високи и им се нудат неквалитетни производи од увоз од Албанија, Грција, Турција…, сепак земјоделците се задоволни што има извоз и што производите нема да им останат по нивите да им скапуваат.

Поголем дел од земјоделските производи одат за извоз, бидејќи домашниот пазар е многу мал и не може да се продаде целото производство.

Земјоделците велат дека за извоз одат оние земјоделски производи кои се со екстра квалитет поради стандардите кои ги бараат земјите увознички, како и поради транспортот, бидејќи производите кои не се прва класа не трпат подолг транспорт.

За домашниот пазар остануваат оние јаболка кои не можат да се извезат.

Домашниот пазар е многу мал и на него се продаваат само 15 илјади тони јаболка годишно, поголем дел одат за извоз.

Слична е состојбата и со ајварката, која освен на пазарите во регионот најголем дел се извезува во Романија, а дел оди и за рускиот пазар.

Земјоделците велат дека и покрај намалените површини, сепак ќе има ајварка и за домашниот пазар и за извоз.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.