Доколку сте изгледале барем две прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче од почетокот на ситуацијата со короната, сигурно сте налетале на некој од креативните коментари на неговата најголема обожавателка Лиде Лиде.
Низ времето, нејзините коментари станаа симбол на Live видеата од обраќањата поврзани со вирусот, разведрувајќи ја негативната атмосфера во јавноста со изразување љубов кон министерот или некоја креативна покана за кафе.
Таа често пати јавно преку социјалните мрежи и медиумите изрази отворена желба да оствари средба и да се запознае со Венко, па и да испие кафе.
Неодамна Лиде конечно успеа да се сретне и тоа беше овековечено со заедничак фотографија која веднаш беше споделена на социјалните мрежи.
Во исто време секојдневните бројки со вирусот во Македонија будат големо незадоволство во јавноста, а секако прв изложен на критик е Венко Филипче.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ вчера и организираше протест на кој побара негова смена, а такво нешто се почесто може да се сретне и на социјалните мрежи:
Божидар Божиновски утрово на својот профил на фејсбук каде што е доста активен постави прашање до своите пријатели во кое се вели:
Само да прашам дали уште е Филипче министер и зошто да?
Во коментар се јави Лидија Гиновска, позната како Лиде Лиде од прес-конференциите на Венко Филипче која застана во негова одбрана:
-Затоа што кој и да е министер,од сите што зборат најлошо нема да направат ништо магично.Баш нека се стават у негова улога а воедно да размислат од повеќе страни ако можат.
Сите кога доаѓаат на било каква позиција се менуваат.И вие семоќни Македонци позади тастатурата.
Европа им ја дава шансата на двете партии а може и на трета ако стаса.Така да ништо не е во наши раце…од Илинден па навака.Поздравче.