Ленче Кукиќ ја открива тактиката со којашто добива се што ќе посака од Горан, но и дали тој е послушен сопруг

  • By klaster3
  • јуни 15, 2022
  • 0
  • 353 Views

Горан и Ленче Кукиќ е македонски музички пар за кој нема кој не слушнал во земјава, но и пошироко. Тие се запознале кога таа имала само 15 години, и тоа во кафеана.

Како што кажа Ленче во една прилика, заедно се 26 години и го имаат синот Иван којшто тргна по нивните стапки и е дел од триото на Влатко Стефановски.

Нејзиното појавување на естрадата беше вистинско освежување за музичката сцена, а музичките стручњаци ја прогласија за наследничка на легендарната Петранка Костадинова.

Успешната кариера на пејачката трае повеќе од 30 години. Најпрво со групата „Пицикато“, а потоа како соло пејачка и сега со својот сопруг пејачот и музичар Горан Кукиќ.

Во последната сезона на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, таа ја однесе победата со што ја запозна и целиот регион. Ленче Куќиќ во текот на целото шоу добиваше само позитивни коментари, а во една прилика Ацо Пејовиќ ја нарече и македонската Адел.

Наскоро за „Гранд продукција“ треба да излезе и нејзиното ЦД со македонски и српски песни, а веќе е наголемо барана низ земјиве во регионот.

Таа заедно со сопругот веќе често настапуваат во соседството, а не кријат дека нивната љубов и меѓусебна почит траат како и на почетокот. Во едно интервју Ленче раскажа малку повеќе за бракот и односот меѓу мажот и жената.

– Послушен маж е оној маж кој си ја сака својата жена. Јас мислам кога постои љубов меѓу мажот и жената, тогаш обострано се случува тоа што велиме послушна жена или послушен маж или толерантен.

Мислам дека во последно време и свекрвите почнале да сфаќаат.  Мислам дека мајката и машкото дете имаат подруг однос отколку со таткото и сега се префрла по дифолт дека мајката треба да биде доживотно со сите работи што се случуваат со синот.

Но мислам дека во ова време сфаќаат свекрвите и го преда ваат во рацете на жената која ја одбрал. Може да се каже дека нашата љубов беше на прв поглед, бидејќи од моментот кога нашите погледи се сретнаа, и двајцата знаевме дека нешто ќе искрсне меѓу нас, вели Ленче.

Горан беше струмичкиот Елвис Присли, сите од Струмица знаат дека во тоа време сите му беа љубовници. Ленче раскажа како успева да ги добие работите коишто ги сака од Горан.

– Дури и Иван ја знае мојата тактика, а кога во момнентот треба мојата желба да се оствари јас кажувам успат како да не е многу битно. Го чекам вистинскиот момент кога тие се расположени и се може да ми исполнат.

Јас се договорив со мајстор, направивме аквариум, а Иван ми помагаше и средивме, па си викаме како ќе му кажеме сега на Горан. Доаѓа Горан и влегува, го гледа вели: Боже му го земала на човекот аквариумот, Иван вели не тато наш е, ама јас и мама ти го спремавме за роденденот.

Роденденот во декември, а настанот се случува во август, низ шега раскажува Ленче во емисијата „Нешто конкретно“ за нејзините испробани и успешни методи во бракот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.