Познатиот новинар Драган Павловиќ Латас кој долги години го гледавме на екраните на ТВ Сител се огласи денес на својот профил на фејсбук каде што напиша:
Имаме сериозен проблем, двајца поранешни премиери, Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски кои, заедно, свесно ја загубија војната во 2001-ва и унитарноста на државата се портпароли на Бугарија кои тврдат дека Македонија е нација без минато, култура и јазик без традиција…
Составот на сегашната власт, свесно, влезе во релативизирање на идентитетот со самото тоа што за него преговара.
Засега, јавно и без задршка, во одбрана на идентитетот од поранешниот државен врв се само Бранко Црвенковски и Ѓорѓи Иванов, заедно со Максим Димитревски и Христијан Мицкоски.
Гласањето на избори не е време и место за инает и лечење лични фрустрации, туку определување иднина за себе, во секоја смисла. Гласањето за инает и создаде ваква ситуација. Секој за себе знае колку им помогнал со својот глас на оние кои сега ги носат во неизвесност, и колку има лична одговорност.