Откако пред неколку месеци се реши да се врати од Америка, пејачот Ламбе Алабаковски постојано е во центарот на медиумското внимание.
На почетоко тоа беше поради неговиот потег пак да си дојде во Македонија и често беше гостин на емисии и даваше бројни интервјуа.
А потоа дојде моментот со веќе добро познатиот настан, а тоа е случајот со бугарски клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола поради кој заврши зад решетки.
Како што е познато Ламбе Алабаковски своевремено беше еден од најпопуларните македонски пејачи и кој го живееше врвот од музичката кариера, но се реши да замине во Америка.
Сепак Алабаковски пред неколку месец реши да се врати од Америка и одлучи да остане во Македонија и повторно да се врати на музичката сцена.
– Едноставно животот ме натера да заминам. Немаше некоја посебна причина да заминам, тогаш морав тој период да бидам таму кажа неодмана во едно од своите први интервјуа по враќањето и додаде:
– Еве после шест години се вратив овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.
– Работам на доста нови проекти, почнав да настапувам низ Македонија, ќе излезат нови песни а се надевам таму во септември дека и албум ќе излезе.
Ламбе Алабаковски пред неколку дена го прекина молкот и се огласи првпат по настанот поради кој заврши зад решетки и притоа се заблагодари за поддршката која ја доби и од народот и од многу јавни личности, а и преку про тестот во Битола.
„Народе мој Ви благодарам за Вашата искрена поткрепа! Ве љубам од длабочината на срцето и душата!, пишува тој.
Можеби очекувано или не, популарноста на Ламбе дополнително се зголеми по ова, па така наговиот профил на инстаграм надмина 10.000 следачи.
Воедно ова може да се каже дека му е бенефит од цела ситуација, а тој доцна по полноќ со објава им се заблагодари на сите за овој јубилеј и достигнување.