Ламбе Алабаковски своевремено беше еден од најпопуларните македонски пејачи и кој го живееше врвот од музичката кариера, но се реши да замине во Америка.
По неколку години апстиненција од медиумите, Ламбе Алабаковски периодов повторно е актуелен откако пред месец дена се врати од Америка и одлучи да остане во Македонија.
– Едноставно животот ме натера да заминам. Немаше некоја посебна причина да заминам, тогаш морав тој период да бидам таму кажа неодмана во едно од своите први интервјуа по враќањето и додаде:
– Еве после шест години се вратив овде. Животот во Америка беше убав период во мојот живот. Се посветив на семејството.
– Работам на доста нови проекти, почнав да настапувам низ Македонија, ќе излезат нови песни а се надевам таму во септември дека и албум ќе излезе.
– Песната ,, На Велигден” можам да кажам дека одбележa еден период од мојата кариера, од година во година песната се повеќе се слуша.
– Инаку кога заминав за Америка сето тоа се случи спонтано, сопругата таму живееше долги години, решив да заминам да пробам.
– Сум се тестирал самиот себе си, дали било право тоа што сум заминал а потоа и што сум се вратил. Таму видов многу работи.
– Но сепак не се каам што дојдов овде, така требало да биде. И ете сега сум тука и фокусиран на тоа што ме исполнува, вели Ламбе пред камерите на ,,Г- Карпет”
– Песната што ја направивме ,,На Велигден” таа песна дојде до израз дури после 15 години и такво нешто не може повторно да се изведе