Конечно падна договор помеѓу Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ: Пејачката се огласи и ја соопшти одлуката

  • By klaster3
  • јули 5, 2022
  • 0
  • 318 Views

Брачниот живот на една од најпознатите балкански пејачки, Јелена Карлеуша и нејзиниот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ отсекогаш бил интересна тема за јавноста.
Нивните брачни преви рања, проблеми, подеми и пад ови, често се актуелна тема во медиумите, но и покрај се, досега цврсто се држеа и не дозволуваа да пропаднат 14те години брак.

Се пишуваше дека славната двојка имала ло ши односи од јануари 2020 година, кога пејачката беше обви нета дека имала а фера со фудбалерот Огњен Врањеш.

Со оглед на тоа што во последните две години не се појавуваа заедно на јавни настани, ниту пак објавуваа заеднички фотографии, одвреме-навреме се шп екулираше за нивен развод.

Сепак, знаејќи дека нивната љубов е голема, а семејството и децата се на прво место, сите се надеваа дека нивниот брак ќе опстане.

– И двете ги ставаат ќерките на прво место, а и Атина и Ника се врзани и за мајка си и за татко. Бидејќи тие се веќе големи и можат да го следат она што се пишува, примарен приоритет за Јелена и Душко е да ги заштитат од пишувања за нив, истакнува близок извор.

Но по изјавата на пријателк на Јелена дека пејачката се развела, се запрашавме дали навистина и дојде крајот на љубовта на убавата двојка.

Затоа сите ја очекувавме реакцијата на Тошиќ и на Карлеуша. Иако Јелена и Душко се во брак од 2008 година, конечно дојде моментот за кој долго се зборуваше.

Пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ се разведуваат по 14 години брак. Карлеуша на Инстаграм даде официјална изјава која ја пренесуваме во целост.

„Јас и Душко се договоривме да го прекинеме нашиот брак со заедничка согласност по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство.

Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. За овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да барам разбирање од медиумите бидејќи е залуд но.

Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само гледање сеир и плакнење уста со нашите животи, на што сум навикната… па ајде“, напиша Карлеуша.

„Сè преживеав, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот е пренесен на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене.

Секоја напишана лага ќе резултира со туж ба како и досега. Нема да се огласувам повеќе на овој начин“, додаде таа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.