Македонската заедница во Малта пред неколку дена излезе со соопштение на социјалните мрежи во кое се вели:
Почитувани. Би сакале да реагираме и јавно по големиот број на пораки кои ги добивме изминативе денови, а се однесуваат на проблемот со кој се соочуваате сите вие кои патувате од Малта преку Софија за Македонија.
Имено по ре стриктивните мерки кои ги воведе Влада на Република Северна Македонија за воведување полициски час прво од 22 часот, па од 20 часот многу нашинци имаат проблем за влез во Македонија.
На граничните премени со Бугарија, особено на граничниот премин Деве Баир често пати се задржувани по повеќе часови и буквално мал третирани.
Најчесто после неколку часа држење на граничниот премин патниците кои од Малта преку Софија доаѓаат во Македонина ги пуштаат. Има и случај каде наши сограѓани биле вратени со изговор дека е почнат полицискиот час.
Ги повикуваме надлежните институции Министерство за внатрешни работи, да го регулираат ТРАНЗИТОТ на патниците без никакво ограничување.
Доволно доста сме приморани да се изложуваме на дополнителни трошици поради укинатата линија Скопје-Малта-Скопје , па не мора и на дополнително мал третирање од граничните службеници.
Се надеваме дека надлежните институции ќе го регулираат ТРАНЗИТОТ без никаков проблем. Воедно очекуваме силни саложби од Владата за повторно воспоставување на директната линија Скопје – Малта!
Се чини на ова доаѓа крај откако пристигна позитивна вест во која се вели:
Македонија е една од 32 земји кон кои летово ќе има директни летови од Малта, стои во објавата на Меѓународниот аеродром во оваа земја.
Од распоредот се гледа дека повторно се враќаат летовите кои беа прекинати поради панд мијата. Сепак, се напоменува дека во зависност од рестр икциите за патување ќе зависи и распоредот на летови и може да се промени.
Според распоредот Македонците од 31 мај ќе можат директно да летаат до Малта со авиокомпанијата „Визер“.