Состојбата со недостигот на енергенси на светско ниво кој настана како резултат на ситуацијата во Украина, забраната за увоз на енергенси, но и прекинот на извозот од Русија во земјите ширум светот, придонесе за скокови на инфлацијата во многу земји.
Светските цени на храната пораснаа најмногу од март 1990 година, кога Агенцијата на Обединетите нации за храна и земјоделство (УНФАО) почна да објавува податоци.
Поттикнати од зголемените цени на житариците и растителните масла цените на храната достигнаа рекордни нивоа. Индексот на потрошувачка кошничка на ФАО порасна за 12,6 отсто во март од просечните 159,3 поени во февруари.
Инаку, Владата донесе одлука со која ги ограничи трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало што ќе важат од 1 март до 31 мај годинава.
Во меѓувреме, цената на маслото во поголемите маркети се движи од 125 до 138 денари, додека под тезгите на некои од зелените пазари литар масло за јадење може да се најде и по цена од над 150 денари.
Додека најголем дел од граѓаните штедат за да можат да си ги обезбедат само основните намирници за исхрана, коментарот на оваа продавачка на пазар стана вирална на социјалните мрежи.
– Било да е Велигден, Први Мај, обичен ден, ова е пропас т до небо. А нај лоши се оние дамите со напумпани усни кои велат „ааа скапо, скапо“, а не и е скапо кога оди да даде 150 – 200 евра да надува усни, да се затегне или да направи јапонски веѓи.
Почнаа како на изложба да се шетаат. Тука блиску е велосипедската патека, а и господската улица за шетање само – ке ги стават рацете зад грб и така се шетаат.
Ама има и некои стални муштерии. Највеќе се минувачи, но добро ние цените не ги поскапевме многу, некои два – три артикла само. Брашното највеќе поскапе, а за другото, горе – доле околу пола марка.
Маркетите не уни штија, не даваат да се пријде таму, права ката строфа, зејтинот до плафон качен. Бензинот исто така, не знам што ќе правиме ќе почнеме уште малку вода да ставаме“, изјави продавачката од Бања Лука.