Ванг Чонг е момче од Кина кој не воодушевува со пеење на песните на нашиот великан Тоше Проески и сето тоа во центарот на Пекинг.
Тој солидно го познава македонскиот јазик, инаку е професор во Кина а откри како се запознал со песните на Тоше и што има во план.
– Прв пат слушнав за Тоше во Србија. Навраќајки се на тоа, многу ми се допадна балканската музика и прашав еден мој пријател да ми препорача некоја песна.
– Тој ми ја предложи ,,Чија си” , пробав да пеам и звучеше одлично, потоа ги прегледав и другите негови песни, тој има ангелски глас, додава Чонг за Сител ТВ
– И потоа дознав дека тој е од Македонија, навистина ми остави голем впечаток, се вљубив во тоа, и сите песни му се убави.
– Неможеш да направиш споредба со кинеска, македонска или англиска песна тоа е сосем различна култура, а многу е тешко за Кинез да пее балкански песни.
– Но можам да кажам дека повеќе ми се допаѓаат балканските песни отколку кинеските. Сега скоро ја научив и ,,Игри без граници”
– Преку песните научив многу, почнав да истражувам, научив каде е Македонија, кој ви е главен град, за балканската традиција и слично.
– Исто така научив за Тоше многу, знам дека е од Крушево и дека таму има меморијален центар посветен на него и би сакал да го посетам.
– За ова што го правам имам само позитивни коментари и луѓето се воодушевени премногу и едвај чекам да дојдам и да ја посетам Македонија.
– Меѓутоа бидејќи јас сум учител и на еден начин работам за владата, неможам да ја напуштам државата во следниве две години.