Во неделата се навршија пет години од заминувањето од овој свет на Есма Реџепова Теодосиевска, кралицата на ромската музика и голем амбасадор на Македонија.
Жена- кралица која остави голем белег и традиција за негување, жена за пример за спојување, но пред се голем хуманитарец, која помагаше каде ќе требаше.
Калиопи пак по овој повод после долго време се огласи во медиумите само за да ѝ оддаде почит на нејзината кума и пријателка Есма.
Се присети на убавите мигови кои ги поминале тие заедно и како таа ја бра нела својата родна земја. Но горчливо потсети колку се разо чарала од сè она кое што се случува со нејзината куќа, во која требаше да биде музејот.
– Есма не беше само наша дива туку таа беше позната и во светски рамки, за мене таа беше ,,Ромско бајадерче” едноставно незаменлива.
– Ни се случи еден не мил настан во Грција, бевме јас и таа на настап. Таму не прашаа зошто се викате така, она ова, не прово цираа.
– Таа ми рече само ,, Даде не секирај, ќе им покажеме” И така на концертот вечерта таа го отвори истиот со песната ,, Македонско девојче” , вели Калиопи.
– Има доста работи што не сме си ги споделиле а би сакала да и ги кажам, но од друга страна ми е мило што направивме една убава соработка, што споивме нешто македонско и ромско.
– Сра мно е тоа што се случува кон Есма Реџепова, кон нејзиниот дом, тоа е доказ колку сме не достоинствени и без почит.
– Еве првпат слушнав од вас што се случува со домот на Есма, таа тоа не го заслужи, таа направи многу за државата, вели Калиопи пред камерите на ,,Бекстејџ”