Казната затвор на Мијалков се намалува на едноцифрена бројка години – пренесува ТВ 24

  • By admin
  • март 6, 2021
  • 0
  • 6017 Views

На пат до Апелација, казната за Сашо Мијалков ќе се намали од 12 на 9 години затвор. Делото „примање награда за противзаконито влијание“, кое се однесува на уништување на опремата за прислушување, му застарува на 28 март.

Пред шест години на овој датум било преземено последното дејствије во овој случај, што значи дека за дваесетина дена настапува апсолутна застареност. Пресудата за нелегалното прислушување јавно се читаше, но периодов се пишува и во неа ќе влезе ова дело вели за ТВ24 судијата Владимир Туфегџик.

– Писмено изготвената пресуда ќе биде онаква како што е објавена, со сите три дела, дали некое понатаму застарело или не, ќе си констатира Апелација ако има жалби. – изјави Владимир Туфегџиќ судија во „Таргет-Тврдина“.

Адвокатите на Сашо Мијалков најавија жалби бидејќи казните биле драконски. Во меѓувреме до Апелација се жалат и на притворот. Очекуваме да му биде укинат притворот, вели Љупчо Шврговски во телефонски разговор. Мијалков го поминува осмиот ден во ќелија во Шутка, но одговорност и пропусти  поврзани со неговото дводневно „исчезнување“ се уште се бараат во обвинителството и полицијата.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ24

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.