Бубо Каров познат како Цацко од К- 15 ја опишува моменталната ситуација во државата. Вели лесно е да се направи компарација меѓу сатирата и државата, потребно е да се пушти и да се гледа само парламент или вести.
„Кај нас посебно кај нас а и воопшто на Балканот постои едно автоимуно заб олување кое се вика глупавост, од кое не се ум ира ама не се ниту лечи.
Човек кога е м тов не му е ништо на него, не чувствува ништо и не му е тешко, тешко им е на другите. Исто е и кога е глуп на другите им е многу тешко околу него, а тој не чувствува ништо.
Многу лесно се прави паралела, пуштете парламент, пуштете вести видете ги најавите на вестите како да сте гледале најава за сатирична емисија.“ – вели Каров.
Бубо Каров моментално ги живее пред пензионерските денови. Со оглед на фактотот дека во февруари догодина ќе се пензионира пред камерите на М-Нет телевизија открива што прави пред пензионирањето.
„Што правите сега, со ништ ли не се занимавте велам да се занимавам моментално работам со мравја киселина, од мравките ја вадам киселината и ја продавам во Италија.
Само имам проблеми со шп рицеви, мравките се многу мали, многу тешко наоѓам толку мали и толку мали и гли. Јас мислев дека луѓето ќе ја сватат шегата.
Но по неколку дена почнаа да ми се јавуваат велат сум слушнал дека тоа е добар бизнис,а ама не сум се заинтересирал, да се видиме да ми објасниш, а јас ќе се обидам да најадам во Кина мали шприцеви“ – додава Каров.
Бубо вели пред пензионерските денови ги поминува без планови, едноставно со поголема посветеност кон неговите внуци и надополнување на изгубеното време заради ко вид пандемијата.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет телевизија.