И музичарите ги скапнаа цените, кога ќе слушнете колку чини да ви испејат 3 песни ќе се размислите дали ќе одите

  • By klaster2
  • февруари 15, 2022
  • 0
  • 705 Views

Сведоци сме дека цените на скоро сите продукти и услуги поскапе, нафтените деривати, прехрамбените продукти и други дејност рипна и тоа доста.

Исто така инфлацијата ги погоди и боемите кои сакаат да се дружат во кафани со жива музика. И покрај тоа што ги поскапеа храната и пијалоците, музичарите го истакнаа и новиот (неформален) ценовник.

Па сега, ако сакате да нарачате песна по ваш вкус, треба да платите 1000 денари. Се разбира, можете да пробате и со 500 денари, но тоа не е згодно решение кога сите околу вас ќе извадат двојно повредна банкнота.

Срѓан, гитарист од оркестарот кој свири три пати неделно во една позната кафана во ,,Скадарлија“, за Ало.рс вели дека не инсистирале на зголемување на тарифата, туку тоа било желба на гостите.

– Знаете како, долго време тарифата беше 1.000 динари по песна. Некои даваа и повеќе, но од пред неколку месеци како по некое непишано правило сите почнаа да даваат по 2000 динари.

Се случува секако, што ќе ги погоди песната, па ни даваат и по 5.000 динари, но 90 отсто од гостите сега даваат по 2.000 – прецизира Срѓан.

На прашањето како преговараат со сопственикот на кафеаната, тој одговара дека имаат фиксен дел, плус бакшиш.

– Настапуваме петок, сабота и недела. И кога има многу странци, но нема никаква корист од нив. Тие едноставно немаат навика да им даваат бакшиш на музичарите.

Нашите луѓе се различни, кога влегуваат во кафеаната веќе имаат музички фонд – објаснува музичарот Срѓан.


Како што додава, не ретко се случува гостите од локалот да одат до банкомат да подигнат пари и да продолжат таму каде што застанале.

– Да ви кажам една анегдота. Минатата недела имавме една интересна свирка. Не праша еден човек, прв пат го видовме, петок беше, да му отпееме неколку песни, а во понеделник кога ќе земе плата да ги донесеме парите.

– И навистина, во понеделникот донесе 10.000 динари. Токму за петте песни што ги порача – раскажува низ смеа гитаристот Срѓан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.