И Германците започнаа да ги изигруваат потрошувачите, цените растата а грамажата се помала

  • By klaster2
  • јуни 30, 2022
  • 0
  • 520 Views

Живееме во време на инфлација слободно кажано, во повеќето сфери од функционирањето, за било кој продукти или потрошни материјали.

Цените растат, платите се тие, а исто така и грамажата на производот е се помала, или пак кога ќе ги согледаме цените на нафтените деривати ќе дојдеме до еден заклучок за актуелната состојба.

Но ова не се случува само во Македонија, веќе и во моќните западни држави, ваквата ситуација навлегува и ги изненадува луѓето.

Застапникот на потрошувачите во Германија посочува на „скр иени зголемувања на цените“, бидејќи се повеќе производи – за иста цена – содржат сè помалку содржина.

Тоа е, инаку, фен омен познат како „Шринкфлација“, за кој Телеграф пишуваше неколку пати. Тоа е стратегија што компаниите ја користат од повеќе причини, главно кога се јавува инфлација.

Во случајот со поевтините прехранбени производи, во германските дисконти беа пронајдени неколку случаи на „ск риено поскапување“, користејќи токму оваа тактика.

– Во последните недели добивме бројни по плаки – посочува институцијата заштитници на потрошувачите во Хамбург и неговата околија.

Како пример, меѓу другото го наведоа и јагнешкото месо во синџирот Алди, кој се продава за 6,99 евра, но наместо досегашните 400 грама, сега на пакувањето има само 300 грама.

Една пица во дисконтот Пени поскапе од 2,49 на 2,99 евра, а покрај поскапувањето се намали и грамажата од 460 на 410 грама.

„Посебен случај ни пријави една жена која пазарувала во Лидл, за одредени видови тоалетна хартија. Исто толку ролни останале во пакетот, но секое парче било намалено.

Резултатот од анализата и испитувањето е дека околу 3 милиони помалку хартија се продава по ролна“, додава застапникот на потрошувачите во Германија.

Армин Валет од Централната канцеларија за заштита на потрошувачите вели дека поради поскапувањето на суровините и на енергенсите, многу производители, особено поевтините производи, ја намалиле содржината за да ја одржат цената пониска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.