Македонската фолкерката Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.
Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Иренче добро знае да ги прати трендовите и да остане актуелна, а притоа да ја задржи својата препознатливост.
Ирена Спасовска откако комплетно „сврте нов лист“ во животот и на приватен и на професионален план, е се поактивна.
– Ниту еднаш не сум се покајала што ја избрав музиката и уште еднаш да се родам повторно би ја одбрала музиката секако доколку го имам тој глас и талент.
Фолк пејачката Ирена Спасовска и нејзиниот долгогодишен партнер, новинарот Орце Гелевски се разделија по 13 годишна врска во која невенчано живееја заедно.
– Многу жени немаат храброст да прекинат некоја врска или некој брак, но на мене битно ми беше мојата слобода, кажа Спасовска.
– Јас бев доста чесна и искрена за разлика од некои што живеат во брак поради интерес за деца, за пари и за статус во опшеството. Имам своја работа, знам да се грижам за себе и за својата ќерка.
– Решив да си се посветам на музиката, во заедницата не можам да поминам преку монотонијата. Кога едниот партнер дава во смисла на енергија а другиот не.
Ирена како личност со долгогодишно искуство во љубовта и врските, во емисијата Нешто конкретно даде свој став за машко-женските односи.
– Кога се заљубуваме стануваме не разумни бидејќи кога е човек не разумен прави работи кои вообичаено не би ги правел. Се гледа низ розови наочари, партнерот му делува многу привлечно и не може ни една секунда да издржи без да помисли на него.
– Жените и мажите сакаат на ист начин, но имам чувство дека маж кога ќе засака жена срцето е пуштено на најјако, а разумот е на оф.
Мажите повеќе патат за жена, а жените можат полесно да се носат со изгубена невозвратена лубов, ние жените мегу себе си даваме одредена пс ихотерапија, ќе се изнакажеме, а мажот како мачо-мен нема на кого да плаче, апсорбираат во себе.
Но, маж кога ќе засака тој е спремен се да направи, додека ние жените си имаме резерва. Мажот кога ќе излезе од тој круг на заљубеност сака жената да биде и домаќинка, ама и ние жените си бараме.
Кога е човек залубен тогаш сите недостатоци ни се симпатични, но кога ќе помине тоа одредено сле пило излегуваат на површина сите недостатоци кои не можеме да ги прифатиме и почнуваме да го менуваме партнерот, вели Спасовска.