Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.763 тестирања, а регистрирани се 708 нови случаи на ковид-19 информираше денеска Министерството за здравство.
Пријавени се вкупно 33 почи нати лица: 8 пациенти од Скопје (85, 82, 78, 76, 75, 74, 45 ,39), по 4 пациенти од Прилеп (71, 70, 70, 64) и Куманово (81, 69, 62, 56), 3 пациенти од Кавадарци (70, 67, 58), по 2 пациенти од Гостивар (67, 64), Битола (75, 67), Велес (71, 51) и Неготино (73, 71) и по едно поч инато лице е пријавено од Тетово (59), Охрид (70), Кочани (74), Кичево (74), Гевгелија (66) и Берово (69).
Ова за жал е уште еден показател дека ситуацијат со вирусот во нашата држава не оди на добро и многумина бараат дополнителни мерки.
Докторката Славица Трајкова која е специјалист инфектолог од Велес се огласи денес на својот профил на фејсбук каде што напиша:
Секојдневните траг едии што ги доживуваме сите ние кои работиме во Ковид центрите се НЕИЗДРЖЛИВИ! За пациентите и нивните фамилии не се ни опишува…Македонија е завиена во црно!
А нашите професоришта и стручњачишта чекаат дневен ковид биланс од 2500 заболени!!!Па потоа ќе размислуваат што понатаму???
Не така! Сите ОСТАВКА до еден, оти не Ве бива…Еднаш не го слушнавте гласот на луѓето во скафандери, не најдовте ниту еден ден да влезете таму каде што уми раат луѓето!
Лесно се менаџира од кабинет! Ја сотревте Македонија !!!