Илија Димовски: Има актуелни политичари од СДСМ коишто јас сум ги обучувал

  • By klaster3
  • јули 27, 2022
  • 0
  • 534 Views

Илија Димовски е добро познато лице во македонската јавност. Поранешен пратеник и функционер, а сега е актуелен во телевизиските дебати но и преку Фејсбук обраќањата за разни случувања во земјата.

Димовски е поранешен портпарол на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ. Бил и член на Законодавно-правната комисија, заменик-член на Комисијата за одб рана и безб едност, претседател на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Димовски со неполни 26 години станува пратеник по изборите од 2006, при што неговата заслуга се темели на партиски активизам во Велес како дел од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Највисоката партиска функција му била доверена во 2007 година кога странува директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ. Во еден период од животот бил и тренер за дебати и несомнено е дека е стручен во таа област.

– Сум дебатирал со скоро сите видни политичари од СДСМ со исклучок на Зоран Заев. Сум бил со Андреј Петров, ако издвојам некој од луѓето коишто ги почитувам од другата страна е тој, Горан Сугаревски, Оливер Спасовски.

Има актуелни политичари од СДСМ коишто јас сум ги обучувал за дебата во период кога сум бил надвор од политика, раскажува Димовски.

– Позивот за политиката беше најсилен и затоа запишав и азврпив Правен факултет, но опција ми беше Драмски, но немав доволно храброст. Втора опција ми беше историја, историјата ми е прво хоби и трета работа беше градежен факултет.

На крај го избрав тоа што сега кога би се вратил на тие години не би го избрал. Не жа лам за годините во политиката, но за жа л во Македонија таа професија стана не убава, не чиста професија заради тоа шт овлегоа многу к риминогени личности.

Си има и свои предности, имало многу паметни луѓе во политиката. од 120 колеги природно повеќе комуницираш на дневна основа професионално и приватно со луѓе од истат партија, но се градат и релации со луѓе коишто не се дијапа зонот.

Има многу луѓе со коишто приватно се чувсвтувам лесно во комуникација, се разбираме без разлика што не сме од иста партија. Горан Сугарески ми е еден од најдобрите пријатели коишто сум ги стекнал во животот а е од другата страна на политиката.

Јас и тој сме имале толку теш ки дебати, сме биле во исто време координатори на пратеничка група, има и други луѓе такви коишто до ден денес се крити чни спрема ВМРО-ДПМНЕ со коишто приватно знаеме да седнеме со салата, со раки ја, објаснува Димовски за „Шоу Магазин“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.