Илина Арсова важи за една од најпознатите македонска ликовна уметница која воедно е и докажана скијачка и планинарка.
За нејзе е познато дека основното и средното образование ги завршила во Скопје, а во 2005 дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски.
Во 2005 станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а преку уметноста подолго време ги претставува загадувачките навики и човековите интервенции врз природата, обидувајќи преку визуелен креативен израз да допре и делува врз подигнување на еколошката свест кај народот.
Во 2008 година магистрирала на Јазици, бизнис и меѓународна трговија на Универзитетот Св Кирил и Методиј и Универзитетот Орлеан (Франција). Како ликовен уметник реализира над десет самостојни изложби во Македонија и во странство, а учествува на истакнати групни изложби и биеналиња.
Од 2006 година почнува посериозно да им се посветува на планинските спортови (планинарење, алпинизам, слободно скијање, летање, качување по карпи и планински велосипедизам).
Истата година за првпат се искачува на Монблан (4.810 метри), највисок врв во западна Европа, како дел на екипата на црвениот крст за итни интервенции и спасување во планина.
Во периодот од 2006-2016, Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Дополнително интересна за јавноста стана откако беше објавено дека е во љубовна врска со нашиот познат шоумен Игор Џамбазов.
Јавноста дозна за врската помеѓу неа и Џамбазов во 2020 година, кога започнаа да обавуваат заеднички фотографии. Само неколку месеци пред тоа, Игор изјавуваше дека во неговиот живот нема место за жените. За љубовта која се родила помеѓу нив, и двајцата јавно раскажуваа.
Во меѓувреме Илина се спакува и замина далеку од Македонија, а вчера за првпат јавно проговори и ги кажа причините.
За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.
Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни.
Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите.
Денес пак на својот профил на Инстаграм Илина со доста емоција се збогуваше од рускиот алпинист Александар Кленов, кој изминативе години живееше во Демир Капија и ја промовираше демиркаписката клисура во светот.
„Немам зборови да ја опишам та гата. Многу го сакав и почитував во секој миг.