Игор Џамбазов: Можат да ме плукаат, што сакаат да прават, но знам дека сум во право

  • By klaster3
  • јули 1, 2022
  • 0
  • 389 Views

Игор Џамбазов е добро познато име на македонската јавноста. Човек со многу професии, пред се шоумен, македонски глумец, забавувач, ТВ-водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец.

На промоцијата на неговото дело “Присобрани дела”, како дел од Саемот на книга 2022, во присуство на многу колеги, беше објавено дека Игор е добитник на актерската награда за животно дело “Петре Прличко”.

Џамбазов честопати јавно го искажува своето незадоволство поради третманот на македонскитее естрадни уметници, па во една прилика им упати порака на дискотеките и клубовите каде што со настапи предничат странски изведувачи.

„Ги замолувам сите сопственици на дискотеки и клубови кои ангажираат полуанонимни пејачки од Балканот, со една и пол песна во кариерата, а ги плаќаат 5 (и со букви ПЕТ) пати повеќе од најдобрите македонски изведувачи,

ич да не ме бараат за настап со мојот бенд. За вас дечки сум недостапен… дур сум жив. Идемо садаааа….Балкан горииииии…“, напиша тој.

Сепак, по олабавувањето на мерките Игор и неговиот бенд се уште се барани низ дел од клубовите во земјава, па во разговор за Бекстејџ Игор си кажа дали планираат да ги поскапат нивните хонорари.

– Без 100 евра не можеш да тргнеш со бенд на пат, без комбе од уште 100 евра не може да се спакуваш, без ручеци, вечери..

Мојот бенд и јас кога ќе тргнеме на пат ни требаат 200 евра во старт за да стигнеме дотаму, а каде е нашиот уметнички хонорар, каде е договорот што сме го потпишале?

Мислам дека крајот на короната и почетокот на враќањето во стариот нормален живот ќе не натера да размислуваме малку повеќе за овие работи.

И не случајно во мојата Инстаграм кампања зборувам, па зар е можно, луѓе, петпати да чини некој повеќе од нас? Од најдобрите во Македонија да чини некој петпати повеќе, некој што можеби секој петти човек во Македонија слушнал за него..

Не можам да го прифатам тоа дека на Македонците им се подраги странските пејачи од нашите, без разлика дали станува збор за Бијонсе илии Дара Бубамара, тоа не можам да го прифатам.

Можат да ме плукаат, што сакаат да прават, но тоа е мојот став и знам дека сум во право, а кога знаеш дека си во право спиеш мирно, вели Џамбазов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.