Игор сам се грижи за 4 деца, сопругата го напуштила а луѓето им купуваат храна и дрва за огрев

  • By klaster2
  • декември 26, 2021
  • 0
  • 634 Views

Игор Лакатош од село Мрчајевци (Чачак) сам ги одгледува четирите деца, 7-годишната ќерка и трите сина на 11, 12 и 13 години.

Сопругата пред извесно време го оставила и со себе го зела нивното петто дете, кое е најмало. Родителите на Игор по чинале, татко му во 2010 година, а мајка му во 2011 година.

Семејството Лакатош живее во недовршена куќа која Игор ја наследил во таква состојба од неговите по којни родители, а која малку ја уредува со помош на хумани луѓе и хуманитарни организации.

– Ситуацијата ми е многу лоша, приходи скоро и да немам и да земам некој денар, овде се петмина и сите треба да се нахранат.

– Сопругата ми го зема петтото дете и замина со него, јас сум препуштен сам на себе заедно со децата, фала им многу на хуманите луѓе што помагаат.

– Зимата дополнително ми претставува проблем, огревот кога го имам кога го немам, соседите ми помагаат, но тоа не е крајно решение, вели Игор.

– Децата посетуваат училиште, треба да им средиш нешто за таму или да им дадеш некој денар, но од каде да најдам, додава тој.

Центарот за социјална работа во Чачак го следи семејството Лакатош и им дава помош согласно законот и секако нивните можности.

Бидејќи семејството Лакатош моментално се наоѓа во незавидна ситуација, им требаат основни прехранбени производи, храна, основни средства за хигиена, огревно дрво и многу повеќе.

,,Здружението на Чачани во Белград ” започна акција за помош на своите сограѓани во семејството Лакатош, помош која многу ми им значела.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.