Иван има необичен миленик – дома чува дива свиња со која си игра

  • By klaster2
  • декември 15, 2021
  • 0
  • 562 Views

Да се припитоми диво животно е голем предизвик и нешто што ретко може да се случи, но и доста о пасно, тоа подразбира многу труд и љубов при тој процес.

Во семејството Миловиќ веќе две години живее дивата свиња Гиле, тој има свој простор таму, а внуците Иван, Маја, Маријана и Мирко секој викенд се тука и си играат со него.

– Ние овде на село сме скоро секоја недела, а кога е распуст и подолго, кога тој не виде веднаш се расположува и си играме со него, вели Мирко.

– Го храниме и го чуваме, навистина ни е во срцето, досега не се случило нешто да не на падне или слично, додава Маја, за ,,ТВ Никшич”

Стојанка и Радован Миловиќ со години живеат овде, чуваат и неколку крави и нешто кози, а како што велат сушна година како оваа непамтат.

– Имаме голем простор овде во Бањани, па така добитокот не го затвараме и многу време поминуваат надвор, си знаат кога да дојдат и не бегаат, вели Стојанка.

– Свињата ја имаме нешто околу две години, навистина таа има посебно место во нашето семејство, таа има голем простран простор кој сепак е ограден но многу голем, додава таа.

– Оваа година беше многу сушна, малку сено и продукти, снег се уште нема кај нас, но ние сме задоволни од животот овде.

– Сум имала прилика да заминам и да живеам во градот, но што ако отидам таму, ќе ја немам таа природа и слобода што е овде, додава таа.

– Доколку се работи и се трудите, може да се живее овде убави и се вади повеќе од солидна плата, но се зависи од сезоната.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.