Ивана: Сопругот ме остави во најтешките моменти, секоја чест на татковците кои тоа го издржуваат

  • By admin
  • јануари 11, 2022
  • 0
  • 369 Views

Се надеваме дека ќе доживееме старост опркужени со деца и внуци кои ни се живи и здрави. Сакајќи да направиме пари забораваме на вистинските вредности во животот и тоа најчесто ни се враќа како бумеранг.

Ама на јлошо од се е што се плашиме нешто да не им се случи на нашите деца, па затоа често се прашуваме каде сме погрешиле за да ни се случуваат неубави работи.

Но немаме моќ да спречиме некои работи и сигурно секој од вас познава барем едно семејство кое се бо ри со неми лоста на животот.

Уште кога се венчаваат во црква сопружниците се зарекуваат дека ќе бидат заедно и во добро и во ло шо, но сепак не секогаш се случува тоа. Таква животна приказна ја снашла Ивана (35), млада мајка оставена сама да се снаоѓа во животот.

„Секој млад пар очекува дека ќе има здрави деца. Истото го мислевме и јас и сопругот кога се зедовме. Требаше да имаме здрава и убава ќерка, но нешто тргнало наопаку.

Требаше ли заради тоа да ја оставам? Многу сум изненадена и разо чарана од одлуката на мојот сопруг. Заедно бевме 7 години и очекував дека ќе си бидеме поддршка еден на друг.Не дека јас сакав да имам такво дете“ вели таа и додава дека би објавила и слика и име од сопругот за да знаат сите какви луѓе постојат на денешницата, незрели да се соочат со животот, без ж ал ги оставаат своите деца.

„Знам дека повеќето мажи им помагаат на своите сопруги во такви случаи, но верувам дека тешко го издржуваат тој прити сок. Не можат да се помират со фактот дека детето не им е совршено и не сакаат да си го губат времето“.

Кога се родила Мартина се појавиле симптоми дека нешто не е во ред, иако сите испитувања во текот на бременоста покажале дека девојчето ќе биде здраво.

„Додека ја баравме точната дијагноза, мислејќи дека има надеж, сопругот беше со нас, но кога се испостави дека ништо не може да се направи – се повлече“, вели Ивана.

Мартина денес е второ одделение и е трудољубив ученик. Не може да оди, носи пелени и и треба 24-часовна нега. Затоа има и асистент. Не може да зборува течно, но Ивана нагласува дека после неколку среќавања со неа ќе почнете да ја разбирате откако ќе ги научите нејзините изговарања.

„Ќерка ми е многу чувствителна, но и интелигентна. Како велат, преубав ум затворен во непобедливо тело. Најмногу ме бо ли ставот на поранешниот сопруг кој ја заборави својата ќерка. Нема желба да ја види ни за родендените или празниците.

Добро е што беше многу мала и не го ни запомни, но често ме прашува за него. Плаќа одреден износ за детето, но не сакаат да ја видат ниту тој, ниту неговите родители што не ме ни изненадува.

А сите се прават верници, свекрва ми одеше во црква секоја недела, а кога син и не напушти велеше дека бил многу чувствителен на тие работи и не можел да издржи, нешто што јас никако не можам да го простам.

Не му е тешко затоа што си има нормална, здрава фамилија, успеа да не преболи и да продолжи со животот“.

Животот на Ивана се состои од многу работа, третмани, постојана нега за ќерката, како и на сите мајки на деца со посебни потреби.

„Родителите ми помагаат, но веќе и јас сум при крај со снагата. За пари не се жалам, имаме доволно, ми помага и татко и, знам дека има мајки кои ништо не добиваат.

Го ценам овој гест со кој најверојатно сака да си ја смири совеста, но би сакала еден ден да и се обрати како на своја ќерка. И празниците поминаа, ние си бевме сами со ќерка ми.

Добро е што имам добри пријатели кои ме почитуваат и и носат пакетче барем за Нова година да се израдува. Многу е тешко кога си го гледаш такво детето, но и нему не му е сеедно, не се виновни децата што се родени такви.

Секоја чест за родителите кои со сите сили се бо рат за да ги израснат своите деца, сè друго не заслужува да се коментира“, додава Ивана. Родителите на такви деца се за секоја почит, тоа се вистински бор ци кои ќе направат се за нивните чеда иако денес се соочуваме со многу неправди и несфаќања од страна на другите деца и родители.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.