Среќен но пред се многу скромен, Амир Дестанов од Скопје, ученик во основното училиште ,,Браќа Рамиз Хамид раскажува за својата животна сторија и успехот.
Амир живее со неговата тетка и нејзините девет деца. Во скромни услови но секогаш редовен на училиште тој освојува многу награди на разни натрпеварувања, со желба да биде добар математичар и иден инженер.
– Од секогаш сакав да учам многу математика, се обидував, истражував и успеав, вели ова скромно момче пред камерите на Канал 5 телевизија.
Судбината си поиграла со ова младо момче, нема лесно детство, останал без родители. Нема посебна соба за учење како останатие деца.
Неговото семејство едвај сврзувза ден со ден, и со храна но и со пари за сметки, но за него најдобро е што неговата тетка му дава поддршка за се во животот.
– Вежбам напорно, дома со братучедот кој исто така е на училиште работам па така и него го учам но вежбам и јас, додава Дестанов.
Цело училиште се гордее со него. Она што е потребно е помош и на семејството каде што живее, со цел да може да продолжи и во средно образование бидејќи често Амир учи и на свеќи.
– Многу луѓе од странство се јавија со цел да му помогнат на Амир додека учи но и со разни пакети и потребни намирници за негово функционирање, вели директорот на училиштето Алвин Салимовски.
Наставничката по математика вели иако во панде мијата немал пристап за онлајн настава и морал да учи од книги и на свеќи сепак забележал одлични резултати.
– Кога му предложив да настпаува на натрепварот по математика, Амир беше многу радосен, но воедно и направи тажна гримаса и тогаш сфатив дека нема свој средства да учествува.
– Во договор со директорот му обезбедивме средства за учество а за возврат тој не направи многу горди и се надеваме дека ќе продолжи тој по тие патеки, вели наставничката Бранка.