Иако Македонија загуби, Кире Лазаров вечерва сподели убава вест која ќе ја израдува јавноста

  • By admin
  • јануари 17, 2022
  • 0
  • 556 Views

Иако допрва ќе се дополнува впечатокот од ова Европско првенство, селекторот Кире Лазаров даде првична оцена за настапот на Македонија. За мечот со Данска кажа дека е невозможна мисија да се добие, а за иднината на Македонија дека допрва треба да се избистри.

От пор едно полувреме, водство десетина минути и периодични блесоци остави македонската репрезентација на простувањето од Европското првенство во Унгарија и Словачка.

По поразот од 21-31 на прес-конференцијата својот став го изнесе селекторот Кирил Лазаров.

„Сакам да се подготвувам и задоволство ми е да се надмудрувам со вакви противници. Сепак, невозможна мисија беше да се даде поголем отпор, иако во одреден дел бевме рамноправни со неафирмирани млади ракометари.

Овие минути многу ќе им значат на младите ракометари. Полека треба да ги најдеме тие 16-20 ракометари кои би ни служеле во следните десетина години. Друго е кога ќе ги видите младите сили во Суперлигата, а друго на Европско првенство против Данска. Полека ни се чисти сликата да ги најдеме тие ракометари.

Жал ми е што денес се повреди и Кузмановски, покрај веќе повредениот Маџовски и морав да комбинирам. Делумно сум задоволен и многу ни значи ова првенство.

Вечерва игравме против „машинерија“ и ова е позитивно искуство за кое не можам да им замерам на ракометарите“. заврши селекторот.

Македонската репрезентација ќе биде полошо рангирана од пред две години, кога со победата над Украина беше класифицирана кон средината, а сега со три порази ќе биде на „опашката“ на завршниот турнир.

„Многу ни значи ова првенство. Излезе дека сепак сме имале два силни противника, видовме дека Црна Гора денеска ја изненади Словенија. Ништо, како едно позитивно искуство ќе го сфатиме ова ЕП, ќе ги засукаме ракавите во една позитивна атмосфера.

На играчите ништо не можам да им замерам, бидејќи одработија екстра подготовки. Навистина трениравме напорно, но некогаш не можете против пробле мите.

Најверојатно ова требало да се случи, го прифаќаме со насмевка, иако таа насмевка малку е кисела. Не вреди да се жалеиме, на крај и другите имаат повредени, а ние мора да се прилагодуваме“, дополни Лазаров.

Лазаров откри колку му е криво што не можел да помогне во Дебрецин, но посакува да им биде на располагање на помладите соиграчи за два меесца.

Македонија допрва ќе го дознае противникот во првото коло од баражот, во март, а тоа е скалило на кое не смееме да се сопнеме.

Но она што го најави Кире секако е убава и ветувачка вест за македонските фанови, а тоа е дека се уште има желба и е подготвен да игра.

„Ако сум здрав, да, ќе играм. Мислам дека на момците ќе им значи моето присуство сум на терен, мене ми е навистина жал што не можев, навистина се подготвував. Сите се подготвувавме но некаде по 7 јануари се распаднавме како кула од карти“, рече Лазаров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.