Иако дипломиран инженер Данка се одлучила да вози автобус, ја открива причината

  • By klaster2
  • март 31, 2022
  • 0
  • 481 Views

Данка Бунџа, единствената жена во Рума која вози автобус, потврдува дека нема машка и женска работа и дека кога се сака се се може.

Оваа жена им пркоси на предрасудите и сведочи колку е важно да ја сакаме работата што ја работиме и да уживаме во истата.

Дипломирана инженерка и самохрана мајка на петнаесетгодишно момче, Данка Бунџа вели дека оваа работа ја исполнува и дека љубовта кон воланот ја наследила од татко и.

Нејзиниот работен ден започнува во 4 часот наутро. Секојдневното носење патници е одговорна и напорна работа, вели Данка и додава дека ништо не и е тешко.

Позитивни се реакциите на сограѓаните, забележува таа и со насмевка додава дека е навикната да ја фотографираат случајни минувачи.

Изборот на занимање на Данка Бунџа сведочи дека границите може да се поместуваат. Вели има и позитивни и негативни работи.

– Можев да работам и на струката како инженер имав неколку работни позиции, но сепак љубовта кон возењето преовладеа.

– Татко ми долги години беше возач и тоа беше главаен извор за да не прехрани и јас секогаш се интересирав и седнував за волан со него.

– Самохрана мајка сум, морам да мислам на моето дете и мислам дека најдобро е вака. Некој велат дека грешам но не и обрнувам внимание.

– Ми велат еве ја оваа во автобус и ми се потсмеваат, но почесто наидувам на позитивни коментари и аплаузи, вели Данка за ,,Сремска тв”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.