Здружението на граѓани Јунајтет Јут Кочани е граѓанска организација која поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење, соработка со локално, регионално, национално и интернационално опркружување и креирање на политиките во областа на младински активизам и обуки од областа на ЕУ фондовите и ЕУ програмите.
Оваа организација се залага за промоција на лица со помали можности кои припаѓаат на следните категории:
-Лица од рурални неразвиени средини
-Лица со посебни потреби
-Лица со културни недостатоци, миг ранти, ими гранти
-Лица со финансиски проблеми кои се дел од сиромашни семејства
-Лица со ниско ниво на образование
Долгорочни цели на Здружението Јунајтет Јут се:
-Контакти и соработка со други сродни организации од цела ЕУ
-Долгорочна промоција на лица со помалку можности, дефинирани 5 категории на лица
-Активна онлине комапања и имплементација на дигитална технологија
Други цели на Здружението Јунајтет Јут се:
-Да организира работилници, активности јавни дебати за промоција и активно доближување на граѓаните до ЕУ едукативни програми и можности;
-Да организира и учествува на семинари како партнерска организација поддржани од страна на Ерасмус + програмата
-Да соработува, да се поврзува со други меѓународни организации кои работат на иста или слична проблематика;
Во изминатиот период ова здржение имаше низа активности со реализација на работилници каде што учество зедоа повеќе млади лица а пртиоа истите беа организирани според протоколите за справувањето против вирусот.