За 3.5 километри плаќаат 30 денари

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 874 Views

Жителите на Седларце блокираа дел од патарината Тетово-Гостивар барајќи да не плаќаат по 30 денари за 3.5 км пат кој треба да го поминат по автопат во еден правец. Според нив помошниот пат не е уреден и единствен пат за да стигнат до Тетово е автопатот Тетово – Гостивар, а секој ден треба да плаќаат 60 денари за поминати 7 километри во двата правци. Бараат или да плаќаат за поминатите километри или да се уреди помошниот пат кој би ги ослободил од плаќање жителите од ова село.

„Бараме од надлежните власти да се отстрани патарината или да се санира споредниот пат“, истакна демонстрант.

„Поднесовме барање за решавање на овој проблем, но ни одговорија, објаснувајќи ни каков е законот. Ние сите знаеме каков е законот, полицијата не праќа, амбулантата, итните случаи, пожарникарите. Закон е закон. Но, ние сакаме или да плаќаме колку користиме или да имаме алтернативен пат“, порача демонстрант.

Според нив доколку нивните барања не се исполнат, тие ќе го блокираат цел автопат и ќе го бојкотираат секој изборен циклус бидејќи нивното барање е старо над 30 години и никој до сега немал слух за тоа.

„Неправда за нашите селани бидејќи плаќаме за 3.5км. Ние сакаме да има патарина, но електронска – колку километри поминеме толку да платиме. Но, револтирани сме од неправата која ни се нанесува нам селаните. Споредниот пат не ни го санираа. Бараме нашите барања да се разгледаат.

Ќе преземеме уште подрастични мерки, ќе го блокираме патот, а не вака на културен начин. Ако треба ќе излеземе со трактори и комбајни и ќе го блокираме патот. Нека разберат оние кои ги гласаме, бидејќи веќе 30 години нашите зборови наидуваат на глуво уво“, додаде демонстрант.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.