За битолското семејство Поповски се слушна и до Америка поради нивното теле

  • By admin
  • мај 24, 2021
  • 0
  • 15102 Views

Веста за двоглавото теле кое се роди на 16 април во битолското село Лажец, се рашири насекаде низ светот. Сите се прашуваа дали ќе преживее, колку ќе живее.

Денес, после 40 дена, телето Брауни е живо, весело теле, кое многу сака луѓе и обожава да пие млеко. Васил Поповски, на чија фарма беше родено, вели дека кравата е отелена природно, со помош на ветеринарите.

После извршениот преглед, ветеринарите му рекле дека телето има еден мозок и еден хранопровод. Има две вилици и два пара очи кои и го прават единствениот проблем со рамнотежата.

-Се има случено да отелат вакво теле, имало израсток главата со вратот, но тие не живеат. Ова е нормално. Кога го прегледаа рекоа има една глава, еден мозок, има израсток на вилицата, има еден хранопровод, нема други маани. Секој може да го види, ова е природно, не е феномен, вели Васил Поповски.

Ќерките на Васил веднаш се приврзаа за телето. Ја негуваат, ја хранат и велат дека секој може да дојде и да ја види. И направија дури и Инстаграм профил за секој да може да следи што прави Брауни.

-Споделуваме слики секој ден за светот, секогаш ни пишуваат. Дури е жива ние ќе ја споделуваме со светот да ја гледа, рече Натали Поповска.

-Twoheaded.browniе се вика профилот, по нејзиното име. Се одлучив затоа што сите прашуваат за неа. Коментари има од цел свет. Од Америка музеј ме побара, ме прашуваат дали е се во ред со неа, дали е нормална, вели Ивона Поповска.

Семејството Поповски се надеваат дека Брауни ќе го достигне, но и ќе го надмине гинeсовиот рекорд кој го има двоглавото теле Лаки родено во Кентаки кое живеелo 108 дена.

Целата сторија со видео прилог може д аја проследите на Сител ТВ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.