Електричната енергија поскапува, но сметките стануваат енормно високи, и дури некогаш остануваме затечени од цифрите напишани на фактурата.
Емилија од Штип е жив доказ за тоа. Живее во социјална зграда, сама во станот во кој се грее со мала печка, но како што вели други апарати на струја користи многу малку.
Ова не и прв пат да добие висока цена, претходно се обрати во јавноста откако доби сметка за струја од скоро 8.000 денари.
Таа во надеж дека ќе се најде решение се обрати преку телевизијата М-нет се обратила и кај надлежните но и покрај тоа што не користи многу апарати за струја сметката од месец на месец расте до непрепознатливост.
Како што вели се помалку се обидувала да биде во станот и дури и малата печка што ја има ја вклучува минимално а новата сметка одново е над 6.000 денари.
– И покрај тоа што побарав од надлежните да дојдат на терен да измерат да видат зошто е толку голема сметката сепак не ми излегоа во пресрет.
– Јас сум во социјалните станови и немам големи примања, не можам ни да замислам толку голема цифра. Греалката скоро па никогаш не сум ја вклучила.
– Гледам што повеќе да сум надвор бидејќи рекоа дека електричната енергија ќе се зголеми, вели разо чарано оваа штипјанка пред камерите на М-нет телевизија.
– И веќе кога не сакаат да дојдат, јас отидов кај нив и им реков кога веќе ништо не помогнавте барем дали може да биде на рати?
– И службеничката ми вели на мене ,,Ти се си знаеш”, бидејќи јас претходно излегов на телевизија и веќе тука тие ме дискрими нираат.
– Јас упорно и велам да ми дадат некој документ со кој би платила на рати, јас не можам сама да си ја одредам сумата. Ниту се појави шеф, ниту некој одговорен.
– Се обратив директно и во централата во Скопје, но таму дури не сакаат ниту да ме сослушаат. И ми рекоа доколку не се плати првата фактура ќе ми ја изгасат струјата, но како јас да платам кога немам ниту документ.
Инаку Емилија се сомнева и на кра дење на електрична енергија, бидејќи броилото и било променето кога та не била дома.