Емилија од Штип кога ја добила сметката за струја останала затечена: Не и е јасно како е можно да е толку висока

  • By admin
  • февруари 4, 2022
  • 0
  • 677 Views

Сметките за електрична енергија енормно високи. Емилија од Штип е жив доказ за тоа. Живее во социјална зграда, сама во станот во кој се грее со мала печка, но како што вели други апарати на струја користи минимално.

Има денови и кога не е во станот, но сметката за електирчна енергија од месец на месец се повиска. Пред камерите на М-Нет вели минатата година имало месеци и кога струјата и била исклучена, а сметката била над 4000 денари, за сега истата да биде двојно зголемена.

„Се работи за ЕВН, односно за струја за фактура од овој месец што муи пристигна 7300 денари. Јас сум самец, живеам сама во овој стан.

Се греам со печка малечка и тоа по пола саат и сум социјален случај кој прима 5000 денара.

Претходно кога мајка ми беше жива морав да плаќам струја со невладини организации затоа што сметката за струја знаеше да стигне и до 10 илјади денари.

Во овој стан немам сметка која е како кај другите соседи 1000, 1200. Јас немам електрични уреди други, дури и телевизорот ми е обичен, не е смарт“ – вели Емилија.

Истовремено, Емилија додава дека броилото за електирчна енергија и било променето во период кога таа не била дома, па се сомнева дека е можно кра дење на електрична енергија.

„Да се смени саатот, да они го промениле, ама во период кога јас не сум била овде. Како што знам саатот не смее да се смени без мое присуство, од каде јас да знам дали се кр аде струја.

Веќе ме е стр ав да вклучам да се стоплам, ќе треба со палтиња да седам за да се стоплам, а 21 век сме. Од кај да знам наредниот месец може и 14 000 да ми стигне сметка а јас тоа треба да го платам, нормално со државата не можеш да си имаш про блеми. “ – додава Емилија.

Мнет се обиде да добиеме одговор и од ЕВН, за ваквите случаи кои во изминатиот период се честа слика во Штип, но и по неколку обиди телефонските броеви беа постојано зафатени.

Емилија не е единствената во Штип која се жали на енормно зголемени сметки за електирчна енергија во изминатиот период. Секој трети граѓанин вели дека сметката за месец декември е со драстично покачување.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.