Без разлика на верата, годините, далечината вистинската љубов може да опстои и да прерасне во нешто големо што ќе трае вечно.
Таков пример е и Ема Вандера Блажевска, која е успешна мајка и сопруга, коај ја напуштила Кенија и дошла да живее во Скопје.
– Со мојот избраник се запознавме преку социјалните мрежи, си пишувавме некое време, потоа тој се одлучи да дојде во Тајланд.
– Таму јас бев на работа. Или да кажам поедноставно ,,Македонија ме најде мене” . Со идниот сопруг зборувавме долго од утро па до мрак.
– Се зближивме доста, јас работев таму како наставник. Тој ме покани да дојдам пак во Македонија и сето останато е историја.
– Не можам да ги двојам двете земји, секоја си е убава на свој начин и има своја култура би било неблагодарно ако двојам, вели Ема за ,,Бекстејџ”
– Кога слушнам прв пат Македонија, прво на памет ми паѓа нивниот патриотизам, си ја сакаат Македонија. Баш сега голеам еуфорија се крена по победата над Италија во фудбал, тоа беа незаборавни моменти.
– Ми беа потребни две години да го научам јазикот, македонскиот јазик е многу тежок, се уште го учам јазикот не го знам целосно.
– На почетокот кога дојдов во Македонија, луѓето беа фасцинирани од мојата коса, па така многумина сакаа да ја допрат, вели Ема Блажевска.
– Исто така ми се допаѓа многу македонската музика, најмногу ја слушам Каролина Гочева, Лозано, Два Бона и Таско, додава Ема.