Елизабера, сопругата на Стево Пендаровски влезе во кујна и ги засука ракавите

  • By admin
  • февруари 12, 2021
  • 0
  • 860 Views

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се вклучи во активноста на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, односно подготовка на храна за бездомни и социјално загрозени лица.

Храната се подготвуваше во кујната на црквата Гласност. Согласно со досегашната практика, оброците ќе бидат распределени во текот на претстојниот викенд, кога не функционираат народните кујни.

„Кризата којашто е последица на пандемијата на Ковид – 19, најтешко се одрази кај овие категории на ранливи граѓани. Оттука, зголемена е и потребата за топол оброк. Да бидеме хумани и солидарни, да им помагаме на оние на кои таа помош им е најпотребна. Да споделиме храна со граѓаните коишто не можат да обезбедат оброк за себе или за своето семејство“, истакна Ѓоргиевска.

Во активностите на Ретвитни оброк, како што додаде Ѓоргиевска, може да се вклучи секој што смета дека може да придонесе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.