Она што ја разбранува јавноста во текот на вчерашниот ден со сигурност е објавената сторија во врска со платата на директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова.
Според тоа што се слуша на видеото Софијанова добивала плата месечно од клиниката од кои 190 000 денари се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа за кои Салиу бараше да се изврши увид во видео камерите за да се види дали била присутна во деновите кога се заведени дежурставата.
Реакцијата на Софијанова која ја сними, очекувано не беше добро прифатена од нејзина страна, а меѓу другото прашуваше и од каде му тие информации.
И самата денеска се обрати кон јавноста со жалење во врска со вчерашниот начин на разговор кој го имале со новинарот.
„Секогаш и во секоја прилика во мојата долгогодишна кариера сум била, се уште сум и ќе останам транспарентна за новинарите. Во текот на вчерашниот ден после 24 часовно дежурство, после предавање на студенти и одржани вежби, добив барање од новинарот Фуркан Салиу да разговара на тема за децата со Цис тична фиб роза.
Го поканив и разговорот наместо најавената тема се претвори во настанот кој за жал веќе го видовте вчера во кој реагирав бурно на сосема неточни обвинувања кон мене за месечните примања.
Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски бол ести и јикаде на друго место.Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. И, на крај никогаш мојата плата не била 300.000 илјади денари, никогаш.
Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвин увањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија“, стои во дел од објавата.
Како и секогаш, дел од јавноста зазема е дна страна, друг дел зазема друга страна, но со свој став се изјасни и познатата пејачка Елена Ристеска која на Фејсбук напиша:
Дефинитивно секој збор е на место за оваа Докторка! Ретко коментирам и заземам страна. Меѓутоа и кога не била на дежурство и кога не била на работа доаѓала за да спаси итни случаеви кај дечиња и верувам за тие спасени животи дека не била наградена со повеќе плата.
Јас лично ја познавам и сме седеле во ресторан приватно кога одеднаш ќе рипнеше и ќе се упатеше према болница, за да спаси некое детенце. Иако одамна ја немам видено, Цули поддршка од мене и мојата фамилија особено од внука ми Делфина која те обожава.