Македонската поп изведувачка Елена Ристеска долги години е на естрадата и важи за една од нашите најдобри и најзгодни пејачки.
Можеби музиката моментално и е во втор план и е посветена на други бизниси, а после долго време таа гостуваше во една емисија односно „Утринска на Телма“ каде зборуваше отворено на многу теми.
– Секогаш можело да се постигне и повеќе од ова што го постигнав, особено кога ќе погледнеш во кавка земја работиш каде што немаш и многу услови.
– Јас имам проблем со перфекционизмот и затоа не вадам често песни, работам многу на порно и долгорочно пред да извадам некоја песна.
– Сега и толку не е модерно да се издаде албум, се се сведува на некој комплет од некој си 4-5 песни. Сепак ние живееме од концертите и спознорските договори.
– И доколку немаш настапи немаш на кого да го презентираш тоа нема зошто да трошиш толку, бидејќи тоа се големи буџети, додава Елена.
Поп пејачката се осврна и зборуваше и за нејзиниот бизнис, односно козметиката и основањето свој бренд, парфеми и слично.
– Беше тешко, особено на ваков пазар тука, но јас сум задоволна со ова што го работам еве веќе повеќе од година и пол.
– Чуството е прекрасно кога ќе добиете лојални клиенти, кога тие ќе се вратат да купат од кај вас, за нив или за поклон.
– Сепак нешто неадаптирано што им изгледа на потрошувачите е цената, но сепак го користите скоро цела година, не е нешто што е за еден ден.
– Сепак тоа е луксузна козметика, го создаваме од репро материјали кои доваѓаат од странски компании, ништо нема кинеско.
– Нешто ново на кое работам е фондацијата, преку која се надевам дека ќе помогнеме на многумина и средствата ќе завршат во правилни раце.
– За празниците нема да работам на музички план, но што се однесува до фондацијата и козметичката линија секако да, вели Ристеска за крај.