Елена Ристеска: За да можеш да работиш тука а да останеш нормален треба да имаш коњски сили и нерви

  • By klaster2
  • март 7, 2022
  • 0
  • 792 Views

Елена Ристеска и Ламбе Алабаковски се претставници на една музичка ера која одбележа еден убав период на музичка сцена.

Своевремено тие беа едни од најпопуларните и најбарани изведувачи. Но подоцна секој трга по својот пат. Ламбе замина за Америка а Елена покрај музиката се насочи на други бизниси.

Овојпат после долги години тие повторно се сретнаа овој пат во емисијата ,,Еден на еден” кај Жаре каде имаа што да кажат.

– Иако бев таму, цело време мислите ми беа тука. Живеев во Детроит, таму има доста македонци, па потоа се преселив во Чикаго.

– Таму работев се и сешто, најмногу се задржав во транспорт и камиони тоа го работев. Генерално повеќето балканци се занимаваат со камионџиство, вели Ламбе.

– За да можеш тука да работиш а да останеш нормален треба да имаш коњски сили и коњски нерви, дури во последниве години е тоа нагласено, вели Елена Ристеска.

– Овде немаш многу опции во дадени професии. Например овде кај нас пратечки вокали дали има четворица што се занимаваат професионално. Изборот ни е многу мал, додава таа.

– Со Ламбе се познаваме од многу одамна, јас му имам напишано три песни кој се посветени за него и за тоа што тој поминваше во тој момент.

– Тој имаше немили сцени со мајка му а песните ,, Море од солзи” , Ех да можам да го вратам времето” и ,,Бело е се” беа наменети за мајка му за жал истата судбина ја доживеав и јас неколку години подоцна, вели Елена со солзи во очите.

– Сега пред некоја недела настапував во Битола концерт посветен на Аки Рахимовски. Е тој настап ми беше прв после седум години, вели Алабаковски.

– Сакам да снимам песни, свирки и настапи, искрено ми недостасуваше пеењето. Кога бев посветен и на барот на плажата кај Дупени, додава тој.

– Фестивалите не се тоа што беа, свесни сме дека ги има се во помал број. На нив започнаа да пуштаат секакви песни, затоа е многу битен апелот и каква ќе е композицијата, вели Ристеска.

– Сега сум во Битола, јас не би споредувал многу како е во Америка и како е кај нас. Неблагодарно е да се споредува тоа.

– Ај да споредуваме Америка со Германија има за што да зборуваме но тука… На мене овде се ми е убаво се ми е исто скоро, вели Ламбе во ,,Еден на Еден”

– Има многумина што се враќаат од Америка не сум единствениот. На мое изненадување се уште ми приоѓаат и се сликаат со мене иако не сум издал песна скоро седум години. На што ова Елена се придодаде и одговори:

– Јас иако не објавувам песни се уште сум активна музичка, оваа година одбележувам 20 години на музичката сцена, се уште пишувам песни.

– Ако извадам нешто ново, тоа мора да биде досега не видено. Не можеш 20 години да работиш по исто, денеска младите обрнуваат многу внимание на тоа, додава Елена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.