Позната наша пејачка Елена Ристеска долги години наназад важеше за една од најдобрите македонски пејачки и воедно најбарана кај публиката, но во последно време од нејзе нема ништо ново на музички план а и ја нема на настапи.
Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови. Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.
Доказ за тоа се низата последни награда и тоа надвор од границите на Македонија што е уше еден доказ за нејзиниот квалитет.
Како што е познато, Елена Ристеска пред извесен период се огласи на својот профил на Инстаграм каде што сподели низа фотки и притоа остави порака во која вели:
Пред два дена ја добив наградата „Најдобар претставник на македонската култура во светот“ на фестивалот „Best of Rumeli“ во Истанбул, Турција.
Благодарам Турција за оваа драгоцена награда, ми значи премногу. Фала Јусуф Емини што убаво го организираше овој настан. Турција+Македонија=пријатели.
Ти благодарам Даниел Николовски што остана во Истанбул неколку часа повеќе од планираното само за да се погрижиш за мојата фризура и шминка, те сакам брат мој.
И ти благодарам Мерсиха Казим што секогаш наоѓаш одличен дизајн да го носам, те сакам сестро.
Најдрага Ханка Палдум јас сум воодушевена од твојата прекрасна личност и прекрасната енергија, благодарам за одличното друштво.
И мојата најдрага сестра Драгица Ристеска мојот најголем поддржувач и моето се’! Те сакам до небото и подалеку.
Можеби наградите не значат многу во однос на музичкиот успех, но кога ќе ги погледнам сите награди на мојата полица, сфаќам дека тие покажуваат колку сум постигнала во мојата 20-годишна кариера. Одлично е чувство.
Вчера бев прогласена за “Личност на годината во светот на поп музиката” и се закитив со уште една статуетка или награда како една од 7те жени наградени од разни области во Сокобања, Србија.
Уште една награда на моите полици дома меѓутоа уште една сатисфакција и спомен во моето срце и уште едно признание за овие 19години музичка кариера.
За жал, во мојата земја се’ помалку постојат меродавни манифестации за успесите на јавните личности. Како и да е, сите награди ми се значајни особено оние кои доаѓаат од странство , тоа е знак дека добро ја претставувам својата земја Македонија насекаде во светот.
И секако на сите наградени им подаривме подароци од мојот козметички бренд Ера. Новата ера во козметиката допрва доаѓа. Приказната за Ера козметика се шири и подалеку од Македонија.