Елена Ристеска ги израдува своите фанови – и се враќа на музиката

  • By klaster3
  • јуни 29, 2022
  • 0
  • 429 Views

Елена Ристеска, една од најдобрите македонски пејачки, во последните години ја снема од јавноста, барем кога станува збор за музиката и настапите.

Македонската поп изведувачка Елена Ристеска долги години е на естрадата и важи за една од нашите најдобри и најзгодни пејачки.

Пејачката зад себе има долгогодишна музичка кариера со многубројни хитови. Иако веќе подолго време нема снимено ново музичко парче, љубителите на нејзината музика се’ уште ги слушат нејзините стари хитови.

Таа своите први чекори во музиката ги прави во раните школски денови, а во 1996 година започнува да пее во училишниот хор.

Елена официјално и стана позната на македонската публика со победата на музичкото талент шоу – „Плеј – Потрага по ѕвезди“.

Ристеска со песната „Нинанајна“ ја претставуваше Македонија на „Евровизија 2006“ и го освои 12-тото место.

За Елена Ристеска не сме слушнале или прочитале некаков нотивет на музички план, но затоа веќе подолг временски период е комплетно ангажирана на својот козметички бренд „Ера“.

– Секогаш можело да се постигне и повеќе од ова што го постигнав, особено кога ќе погледнеш во кавка земја работиш каде што немаш и многу услови.

– Јас имам проблем со перфекционизмот и затоа не вадам често песни, работам многу на порно и долгорочно пред да извадам некоја песна.

– Сега и толку не е модерно да се издаде албум, се се сведува на некој комплет од некој си 4-5 песни. Сепак ние живееме од концертите и спонзорските договори.

– И доколку немаш настапи немаш на кого да го презентираш тоа нема зошто да трошиш толку, бидејќи тоа се големи буџети, додава Елена.

– Нешто ново на кое работам е фондацијата, преку која се надевам дека ќе помогнеме на многумина и средствата ќе завршат во правилни раце.

Сепак, Елена не застанува ниту со градењето на музичката кариера, па на социјалните мрежи сподели новост која ќе ги израдува нејзините фанови.

Имено, пејачката се враќа на музичката сцена со нови проекти и музика, а последниов период и го одбележа учеството на црногорски фестивал за кој има само пофалби.

„Заврши долгонајавуваниот балкански фестивал “Наше море, наше скале” во Херцег Нови, Црна Гора. Импресии одлични, учесници уште поодлични, море совршено..

Уште еден успешен проект во низата на музички проекти во последниве 20 години кариера. Заедно со “Адриа и Јадран медиска група” и @radio_s1 пробавме да направиме нешто поразлично од досегашните фестивали, со надеж дека секој следен фестивал ќе биде подобар. Следен проект- нова музика од мене.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.