Елена од Штип бара помош: Свекорот не избрка од дома, децата и јас буквално сме на улица

  • By admin
  • јуни 15, 2021
  • 0
  • 9515 Views

Проблемите на семејството Маневи од Штип не заврши и покрај тоа што пред 4 месеци добија нов целосно опремен дом во населба Железничка во Штип благодарение на веќе познатиот хуманитарец Александар Георгиевски.

Денес мајката Елена и трите малолетни деца не живеат во него затоа што вчера биле избркани од домот во кој живееле претходно и се сместиле во домот на нејзината мајка.

Александар пред 4 – 5 месеци се ангажираше со хуманитарни луѓе, куќата буквално беше рушевина тие ја направија цела куќа и сега свекорот вчера скокна на децата и сака да си одиме од куќата, а мојот сопруг е зад решетки.

Сакам некаква помош од институциите, од социјално, да го пуштат мојот сопруг да најдеме решение за децата зашто децата сега буквално се на улица.

Немам каде да ги носам, со едно социјално, не можам ни кирија да платам, ни струја. До вчера седевме долу во домот, вчера свекорот и деверот скокнаа да ги те паат децата и нè избркаа од таму. Сè што донесоа луѓето не можеме да си земеме. Не ги даваат алиштата, дворот е заклучен, не дава буквално ништо на децата да земеме.

Играта и плачот на овие деца биле причината поради која се избркани од нивниот дом од страна на свекорот.

-Зошто децата си играле во дворот, децата на него му пречат и буквално настана ха ос вчера зашто детето си играло во дворот. Јас му реков дека ќе соберам сè, ќе средам по децата и они со деверот скокнаа да се те паат со децата, да нè избркаат од таму.

Му кажав да не ја правиме поголема додека сопругот си дојде, а тие кажаа дека нас таму веќе не нè примаат, ако пробам да влезам во дворот ќе не те паат и мене и децата.

Куќата која ја добија е во сопственост на свекорот на Елена, но пред да започне реконструкцијата побарале одобрение и од него.

-Тоа сè што е правено е направено заради децата. И Александар кога дојде со тие што донираа кажаа дека сè што е наравено е заради децата, ни заради мене ни за сопругот.

Свекорот тогаш дозволи да се гради и сега откако сè направија целиот мебел ни го сменија внатре и сега тие го земаа со деверот. Вчера минев по патот и гледам почнаа кај деверот да носат од мебелот, тој си зема а тоа сè е за децата, не е ни за мене ни за него донесено.

Желбата на Елена е нејзините дечиња да живеат достоен живот, да не бидат голи и боси и да не гладуваат, па бара каква било помош.

-Некаква помош од институцииите, од гранодачалникот за да се помогне на децата. Или од социјалното да ни доделат некаков социјален стан, јас со 6 000 денари не можам да си дозволам да платам кирија и со три мали деца за храна, хигиена или да се забрани на свекорот да им приоѓа на децата за децата да си седат долу во куќата, зашто сè што е правено е за нив.

Александар исто така се согласи дека им треба помош од институциите и посочи дека сè што е направено е единствено за децата и не е хумано тие да останат на улица, пренесува Мнет

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.