Елена Минциковска од Скопје е дете пораснато во дом, сакајќи да се спаси од лошиот живот решава млада да стапи во брачните води. Но сепак тоа ќе се покаже како погрешен потег.
Денес е самохрана мајка на малолетно дете. Мака ма чи каде да спие и како да го прехрани детето а исто така е и во тешка здраствена состојба.
Таа од мала не знае што е родителска грижа, растена по домови, паркови и дом семејства. На 14 години дознава за своите биолошки родители.
Решава да започне нов живот, но ќе се испостави дека тој живот ќе биде поцрн од тоа што замислила. Спасот ќе го бара во мажењето но и тоа ќе биде погрешна одлука.
Ќе ја роди својата најголема радост, ќеркичката Сема, но и таа ќе ја живее истата судбина како мајка си. Заедно спиеле по паркови и улици.
Заедно проселе, а од пред некоја година се сместени во стан под кирија, но со оглед на 6 илјади денари месечен приход, тие со тие пари не можат да ги подмира сметките а камоли да се прехранат.
Од неодамна Елена дознава дека е сериозно бо лна, па е во голема грижа. Што ако и се случи нешто, што ќе биде со ќерка и ?
Затоа нужно и е потребен стан, за да може да биде мирна за иднината на детето а со тоа и да си го олеснат колку толку животот.
– Откако го напуштив домот, по желба да имам родители заминав кај татко ми кој од скоро беше пуштен од зад решетки, отидов кај него.
– Но за жал, тој тргна по лоши патишата, ме малтре тираше, ме фрлаше од тераса и неколку пати ме составуваа во болница.
– Секој ден изненадуваше со нови непријатни работи и јас решив да заминам. Останав на улица, трагав и по мајка ми, но и таа не ме сакаше кај нејзе.
– По неколку убедувања од страна на очувот, ме прими мајка ми кај неа. Но едноставно таа сакаше да биде газдарица а јас да и носам пари.
– Немаше чуства кон мене, ако не правев како што наредуваше ќе имаше ќо тек, па така морав да заминам и од таму за да се спасам.
– Се омажив, но истата приказна како и од минатото со исти последици, останав повторно на улица со ќерката која имаше две и пол години.
– Со нејзе спиевем во паркови и зеленила. Буквално просевме и јадевме од контејнери, едноставно немавме никакви приходи, вели Елена пред камерите на ,,Срце на дланка”
– И како да не е млаку тоа што го доживеавме, ќерката од сите слики што и беа пред очи и се што доживуваше го изгуби говорот и ниту јаде ниту зборува. Се што сака да каже го пишува во тетратка или искажува цртајќи.
Капак на се ќе стави сообраќајната не среќа во која едвај останала жива: Три години бев врзана за кревет и се сметам за инва лид.
– Од парите што ги земам не знам што попрво да купам. Сега последно ми открија кан цер, кој е во тред стадиум. Бев на два зафати.
– Сега треба да одам на трети, не знам што ќе се случи со мене, но најоглема желба ми е да добијам социјален стан за да ќерка ми има сигурна иднина. Често ќерката ја праќам гладна на училиште.
Доколку сакате да и помогнете на оваа храбра мајка тоа може да го сторите на телефонскиот број 070779494 или на трансакциската сметка 210501727985597 НЛБ Банка