Елена од радовишко низ солзи: Моите четири дечиња плачат од глад, им давам сув леб со вегета

  • By klaster3
  • јули 26, 2022
  • 0
  • 639 Views

Дека животот не секој го милува докажува приказната на 23-годишната Елена Небиова од с.Бучим која ниту пораснала во топол дом со родители, ниту сега живее убав живот со своето семејство.

Мајка и ја оставила на една година, а кога дошла маќеата ја теп ала, малтре тирала не ја сакала и на 10 години и викала кога ќе наполниш 18 куферите ќе си ги земеш и надвор.

Но, не чекале до 18 туку на 13 години ја избркале татко и маќеата од дома, па немала друг избор освен да се мажи и среќата да си ја бара на друго место. Се омажила со сопруг кој не е од иста вера.

– Најубавиот ден во мојот живот дефинитивно е денот кога се запознав со сопругот, кој иако е друга вера ме прифати. Се засакавме и одлучивме да создадеме семејство, ја раскажува Елена својата тажна животна приказна.

Но, за да преживее, на ова семејство не им се доволни само љубов и разбирање. Беспарицата и сиромаштијата ги следат постојано до степен што се принудени да го отпишат сопствениот син од училиште пред 4 месеци.

Живее заедно со сопругот, свекрвата и децата во семејната куќа која скоро и да нема ништо во неа. Никаков мебел, а ниту храна на масата.

– Со социјално преживуваме, 8.000 највеќе. Јадење децата немаат, а бараат нонстоп, за спиење само еден кревет имаме кој не се спушта па спиеме на земја на јорган, објаснува Елена.

– Да ги гледаш децата како ги бо ли стомаче и глава, зошто немаат што да јадат. Тие играчки не побарале. Ама манџичка и лепче бараат. Не сме способни малиот ниту во училиште да го пуштиме, вели Ајше, свекрвата на Елена.

Во домот немаат мебел, а за семеен ручек можат само да гледаат на телевизор позајмен од соседите. Со топла вода не се избањале од кога се родени, а, фрижидер не вклучиле бидејќи немаат што да стават во него.

Елена има четири деца на возраст меѓу еден месец најмалото и најголемото 9 години. Некогаш мора и да про си од други само да има нешто да им даде на децата.

– Aко имам малку брашненце ќе замесам едно лепче и ќе им дадам да јадат така сув леб со вегетичка. Нajголeмата желба ми е куќата да ми се среди и да имаат децата што да јадат.

Ќерка ми кога гледа храна се моли на Господ што и овозможил тој ден да не заспие гладна. Моите деца не бираат храна, само пл ачат кога се гладни, низ солзи раскажува Елена пред камерите на емисијата Срце на дланка.

Доколку сакате да помогнете на семејството на Елена тоа можете да го сторите на следниот телефонски број 072705431 или на следната жиро-сметка 200003987196729.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.