Фолк пејачката Стојне Николова важи за скромна девојка, која сака исклучиво да ја познаваат по нејзините настапи и песните. За приватниот живот на струмичанка малку се знае затоа што не сака премногу да го икспонира.
„Со музика почнав да се занимавам од мојата 15-годишна возраст, а веќе следната година ја снимив и мојата прва авторска песна“ има кажано во едно неодамнешно интервју каде што и додаде:
„Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп. Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика, без неа не можам.
Откако пред десеттина години се појави на фолк сцената, младата пејачка Стојне Николова убедливо стана препознатливо естрадно име, и важи за една од најнадежните млади пејачки кај нас.
Има редовни настапи во локали, зад неа стои продукциска куќа и континуирано работи на нови музички материјали.
Нејзините блиски ја опишуваат како скромна и тивка, професионална на сцена, а малкумина знаат за нејзината животна приказна и загубата на татко и, која и го променила животот од темел.
За ,,Фокус” Стојне, која по потекло е од Струмица, се присетува за тешкиот период, кога на свои 16 години го изгубила родителот кој и бил најголема поддршка, ненадејно, пред девет години.
-Се објави во некои медуми веста дека сум му посветила песна на татко ми Митко… Тоа се нема случено и засега не ми е во план, бидејќи ова е тешка тема за мене, за која се уште не сум подготвена да зборувам во јавност.
Татко ми ми беше најголема поддршка кога е музиката во прашање, и бидејќи многу млада започнав да настапувам, тој беше со мене на секој настап.
На мои 16 години ни се случи тој момент и тоа во моменти кога се подготвувавме, требаше да ме носи на настап, сосема ненадејно животот ни се смени од темел. Тој доживеа мозочен уд ар, си замина неочекувано.
Вели дека татко и поч инал во период пред новогодишните празници, кога веќе имала договорени настапи. Собрала сила и повторно застанала на сцената, бидејќи знаела дека и тој би сакал така да биде, да не се откажува од песната.
-Морав да продолжам многу бргу по неговото заминување, поради однапред договорените настапи. Тешко беше, но од оваа перспектива, гледам дека подобро е што не направив поголема пауза. Музиката ми дојде како лек, а и татко ми најмногу сакаше да пеам, да не се откажувам од својот сон.